31 Октомври, 2024
0.0275

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ БИСЕРА КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКА - овозможила фирма да се стекне со противправна имотна корист од 442 илјади евра

Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Единица за финансиски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 4 во врска со став 1 од КЗ против Б.К.С. од Битола, како поранешен министер во Министерството за култура.

Јасно е дека станува збор за ексминистерката Бисера Костадиновска Стојчевска, а се работи за Универзална сала во Скопје. 

„Имено, пријавената Б.К.С., во својство на службено лице – избран министер во Владата на РСМ за Министерството за култура, на 19.02.2024 ја злоупотребила својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност, на начин што по донесена Одлука од Советот на Град Скопје и Заклучок од Владата на РСМ за пренесување на правото за реконструкција, доградба и надградба на постојниот објект Универзална сала во Скопје, како и по склучен Договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу Град Скопје како сопственик и Министерството за култура како нов инвеститор, и покрај тоа што министерството било задолжено да ги спроведе неопходните постапки за доделување на сите потребни договори за целосно и комплетно завршување на реконструкцијата на објектот, иако согласно одредбите на Законот за јавни набавки била должна да спроведе нова постапка за јавна набавка за избор на најповолен изведувач на работите за довршување на реконструкцијата на објектот, во име на Министерството за култура како наводен нарачател со правно лице од Скопје како изведувач, склучила Договор за преземање и отстапување на права и обврски од договор за јавна набавка на работи во вредност од 115.173.789 денари, согласно кој министерството наводно ги преземало истите права, обврски и вредност од претходно склучениот договор помеѓу Град Скопје и истото тоа правно лице, иако знаела и била свесна дека претходно склучениот Договор за јавна набавка помеѓу Град Скопје како договорен орган и правното лице како носител на набавката за реконструкција на објектот на 04.09.2023 година бил со истечен рок за изведба на работите, за што од страна на договорниот орган Град Скопје на Електронскиот систем за јавни набавки - ЕСЈН на 18.09.2023 година било прикачено и Известување за реализиран договор и предметот кај договорниот орган Град Скопје бил архивиран како завршен и како таков договорот не претставува правен валиден акт кој може да биде преземен, врз основа на кој нов договор по доставени две времени ситуации од страна на изведувачот за изведени работи, истата на правното лице му исплатила вкупен износ од 27.197.845 денари (442.241 евро - н.з.), со што му овозможила на правното лице од Скопје како изведувач на работите да се стекне со противправна имотна корист во наведениот износ“, се вели во соопштението од МВР.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта

МИЦКОСКИ МУ ОДГОВОРИ НА СПАСОВСКИ: Сања Божиновска е многу поголема Македонка од сите вас заедно

МИЦКОСКИ МУ ОДГОВОРИ НА СПАСОВСКИ: Сања Божиновска е многу поголема Македонка од сите вас заедно

„ИМА ИНСТИТУЦИИ ВО ДРЖАВАТА КОИ ТРЕБА ДА ВОДАТ СМЕТКА ЗА ТАА РАБОТА“: Мицкоски за директорот на АНБ

„ИМА ИНСТИТУЦИИ ВО ДРЖАВАТА КОИ ТРЕБА ДА ВОДАТ СМЕТКА ЗА ТАА РАБОТА“: Мицкоски за директорот на АНБ

Оливер Спасовски: Директорката за верски заедници студирала теологија 26 години

Оливер Спасовски: Директорката за верски заедници студирала теологија 26 години

НОВ ЗАКОН ЗА УЧЕБНИЦИ СО НОВИ ПРАВИЛА: МОН чека училиштата да пријават што им недостига

НОВ ЗАКОН ЗА УЧЕБНИЦИ СО НОВИ ПРАВИЛА: МОН чека училиштата да пријават што им недостига

„ЗА СЛУЧАИТЕ СО ДИРЕКТОРКИТЕ МВР НЕ ЧЕКАЛО ДА СЕ ИЗЈАСНИ ДКСК“: СДСМ бара итна рекација и за Христовски од сите надлежни институции

„ЗА СЛУЧАИТЕ СО ДИРЕКТОРКИТЕ МВР НЕ ЧЕКАЛО ДА СЕ ИЗЈАСНИ ДКСК“: СДСМ бара итна рекација и за Христовски од сите надлежни институции

КОЈ КОГО УСПЕА ТОЛКУ ДА ИЗНЕРВИРА - еве какви пораки беа испишани со спреј на автомобил во Скопје

КОЈ КОГО УСПЕА ТОЛКУ ДА ИЗНЕРВИРА - еве какви пораки беа испишани со спреј на автомобил во Скопје

СЕ НИЖАТ ИСКУСТВАТА НА ОДБИЕНИТЕ ОД ФИТР: По д-р Лазаров, се огласи и Стаменов од „Донирај компјутер“- „А ќе им го обелевме образот“

СЕ НИЖАТ ИСКУСТВАТА НА ОДБИЕНИТЕ ОД ФИТР: По д-р Лазаров, се огласи и Стаменов од „Донирај компјутер“- „А ќе им го обелевме образот“

„УПОРНО ДОНИРАТЕ НА ПРИВАТНИ СМЕТКИ, ИМАМЕ СЛУЧАЈ КАДЕ МАЈКА ИМА ВИШОК ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ И НЕ РЕДОНИРА НИТУ ДЕНАР“: Д-р Лазаров прашува „кој круг од пеколот е за вакви особи?“

„УПОРНО ДОНИРАТЕ НА ПРИВАТНИ СМЕТКИ, ИМАМЕ СЛУЧАЈ КАДЕ МАЈКА ИМА ВИШОК ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ И НЕ РЕДОНИРА НИТУ ДЕНАР“: Д-р Лазаров прашува „кој круг од пеколот е за вакви особи?“