31 Октомври, 2024
0.0341

НОВ ЗАКОН ЗА УЧЕБНИЦИ СО НОВИ ПРАВИЛА: МОН чека училиштата да пријават што им недостига

Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Министерството за образование и наука (МОН) објави Предлог-закон за учебници за основно и средно образование, кој во наредните 20 дена е достапен за јавни сугестии на ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи). Целта на новиот закон е подобрување на квалитетот и навременото доставување на учебниците, како и внесување на промени што ќе ги вклучат издавачките куќи во процесот.

Министерката Весна Јаневска истакна дека новината во Предлог-законот е можноста издавачките куќи да учествуваат со веќе подготвени учебници, а истовремено тие ќе ја преземат обврската за печатење. Очекувањата се дека со ова решение учебниците ќе бидат со повисок квалитет и ќе бидат навремено доставени до училиштата, со што ќе се избегнат недостатоците од претходните години.

„Новината е што издавачките куќи добиваат можност да учествуваат со веќе подготвени учебници, кои потоа ќе се избираат и одобруваат преку Бирото и Националната комисија. Со договор, издавачите ќе бидат обврзани да ги испорачаат учебниците до 1. септември,“ рече Јаневска.

Постапките за учебниците кои се започнати пред усвојувањето на новиот закон ќе продолжат по старите процедури, но се очекува новиот закон да го олесни процесот на набавка и да ги намали грешките во учебниците.

МОН ги повика сите заинтересирани граѓани да дадат свои предлози за подобрување на предложениот текст, кој треба да го замени актуелниот закон донесен во 2008 година. Во новиот текст се вклучени и сугестиите од издавачките куќи во Македонија.

Во одговор на новинарско прашање за поплаките од родители во Тетово дека користат фотокопирани учебници поради оштетувања на оригиналите, министерката Јаневска изјави дека училиштата се одговорни да пријават оштетени учебници за да бидат заменети.

„МОН нема начин да знае колку учебници недостигаат ако училиштата не го пријават тоа. Училиштата треба да го користат електронскиот систем за пријава на оштетени учебници или зголемен број ученици,“ додаде Јаневска, нагласувајќи дека МОН обезбедило дополнителни учебници, но во согласност со законските одредби.

Јаневска посочи и дека во одредени случаи општинските власти „ги штеделе родителите“ од плаќање за оштетените учебници, спротивно на законската обврска родителите да платат од 10 до 70 проценти од вредноста на учебникот, во зависност од степенот на оштетување.


Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта

МИЦКОСКИ МУ ОДГОВОРИ НА СПАСОВСКИ: Сања Божиновска е многу поголема Македонка од сите вас заедно

МИЦКОСКИ МУ ОДГОВОРИ НА СПАСОВСКИ: Сања Божиновска е многу поголема Македонка од сите вас заедно

„ИМА ИНСТИТУЦИИ ВО ДРЖАВАТА КОИ ТРЕБА ДА ВОДАТ СМЕТКА ЗА ТАА РАБОТА“: Мицкоски за директорот на АНБ

„ИМА ИНСТИТУЦИИ ВО ДРЖАВАТА КОИ ТРЕБА ДА ВОДАТ СМЕТКА ЗА ТАА РАБОТА“: Мицкоски за директорот на АНБ

Оливер Спасовски: Директорката за верски заедници студирала теологија 26 години

Оливер Спасовски: Директорката за верски заедници студирала теологија 26 години

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ БИСЕРА КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКА - овозможила фирма да се стекне со противправна имотна корист од 442 илјади евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ БИСЕРА КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКА - овозможила фирма да се стекне со противправна имотна корист од 442 илјади евра

„ЗА СЛУЧАИТЕ СО ДИРЕКТОРКИТЕ МВР НЕ ЧЕКАЛО ДА СЕ ИЗЈАСНИ ДКСК“: СДСМ бара итна рекација и за Христовски од сите надлежни институции

„ЗА СЛУЧАИТЕ СО ДИРЕКТОРКИТЕ МВР НЕ ЧЕКАЛО ДА СЕ ИЗЈАСНИ ДКСК“: СДСМ бара итна рекација и за Христовски од сите надлежни институции

КОЈ КОГО УСПЕА ТОЛКУ ДА ИЗНЕРВИРА - еве какви пораки беа испишани со спреј на автомобил во Скопје

КОЈ КОГО УСПЕА ТОЛКУ ДА ИЗНЕРВИРА - еве какви пораки беа испишани со спреј на автомобил во Скопје

СЕ НИЖАТ ИСКУСТВАТА НА ОДБИЕНИТЕ ОД ФИТР: По д-р Лазаров, се огласи и Стаменов од „Донирај компјутер“- „А ќе им го обелевме образот“

СЕ НИЖАТ ИСКУСТВАТА НА ОДБИЕНИТЕ ОД ФИТР: По д-р Лазаров, се огласи и Стаменов од „Донирај компјутер“- „А ќе им го обелевме образот“

„УПОРНО ДОНИРАТЕ НА ПРИВАТНИ СМЕТКИ, ИМАМЕ СЛУЧАЈ КАДЕ МАЈКА ИМА ВИШОК ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ И НЕ РЕДОНИРА НИТУ ДЕНАР“: Д-р Лазаров прашува „кој круг од пеколот е за вакви особи?“

„УПОРНО ДОНИРАТЕ НА ПРИВАТНИ СМЕТКИ, ИМАМЕ СЛУЧАЈ КАДЕ МАЈКА ИМА ВИШОК ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ И НЕ РЕДОНИРА НИТУ ДЕНАР“: Д-р Лазаров прашува „кој круг од пеколот е за вакви особи?“