31 Октомври, 2024
0.0268

„ЗА СЛУЧАИТЕ СО ДИРЕКТОРКИТЕ МВР НЕ ЧЕКАЛО ДА СЕ ИЗЈАСНИ ДКСК“: СДСМ бара итна рекација и за Христовски од сите надлежни институции

Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Лажниот сертификат, или лажната компанија од Бугарија која издавала сертификати за ТОЕФЛ продолжува да ја баранува македонската јавност. Денеска од најголемата опозициска партија посочуваат дека на виделина излегоа бројни скандали поврзани со лажни сертификати за ТОЕФЛ од истата компанија од која сертификат за познавање англиски јазик приложи и новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски. 

Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ сертификати од Пловдив, Бугарија. Медиумите јавуваат за поднесени нови пријави до ЈО како и за веќе завршени судски пресуди на директорки на јавни установи кои по кривична пријава од МВР се казнети затоа што приложиле сертификат од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“.

Станува збор за истото место и истото правно лице од каде што е и сертификатот на партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски - се наведува во соопштението испратено од СДСМ до медиувмите. 

Од таму додаваат дека за случаите со двете директорки, МВР постапило и воопшто не чекало да се изјасни Државната комисија за спречување на корупцијата туку реагирале.  

- МВР и Тошковски и во случајот со Христовски треба да реагира на истиот начин. Да не чека туку неселективно да постапи по закон и да му поднесе кривична пријава за основано сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистината содржина“.

И Јавното обвинителство мора да реагира, согласно своите надлежности да отвори истрага за утврдување на одговорност за скандалот со незаконското поставување на директор на АНБ - нагласуваат од СДСМ. 

СДСМ исто така поднесе иницијатива и бараме свикување на собраниската Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР на којашто ќе биде поканет директорот на АНБ и ќе даде одговор на сите прашања и основани сомнежи.

СДСМ поднесе иницијатива со којашто бараме свикување на отворена седница на собраниската Комисијата за надзор над работата на АНБ.

На ова седница, отворена за јавноста треба да биде поканет директорот на АНБ и да даде одговор на сите прашања и основани сомнежи за неговото незаконско поставување, но и основани сомнежи за прекршување на законите.

Едно од тие прашања е врз основа на информацијата којашто е доставена до нас од свиркачи за тоа каде бил Бојан Христовски на денот кога тврди дека полагал за сертификат по англиски јазик? - се нагласува во соопштението на партијата. 

Од таму додават дека одговорот на ова прашање очекуваат да ги потврди основаните сомнежи за овој скандал.

- Седница на Комисијата за надзор на работата на АНБ е неопходна за јавноста да може да се увери дека после оставката на членовите на Комисијата за помилување, треба да следи уште една оставка на Бојан Христовски, а потоа и да следи одговорност - напоменуваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ЗАКОН ЗА УЧЕБНИЦИ СО НОВИ ПРАВИЛА: МОН чека училиштата да пријават што им недостига

НОВ ЗАКОН ЗА УЧЕБНИЦИ СО НОВИ ПРАВИЛА: МОН чека училиштата да пријават што им недостига

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ БИСЕРА КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКА - овозможила фирма да се стекне со противправна имотна корист од 442 илјади евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ БИСЕРА КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКА - овозможила фирма да се стекне со противправна имотна корист од 442 илјади евра

КОЈ КОГО УСПЕА ТОЛКУ ДА ИЗНЕРВИРА - еве какви пораки беа испишани со спреј на автомобил во Скопје

КОЈ КОГО УСПЕА ТОЛКУ ДА ИЗНЕРВИРА - еве какви пораки беа испишани со спреј на автомобил во Скопје

СЕ НИЖАТ ИСКУСТВАТА НА ОДБИЕНИТЕ ОД ФИТР: По д-р Лазаров, се огласи и Стаменов од „Донирај компјутер“- „А ќе им го обелевме образот“

СЕ НИЖАТ ИСКУСТВАТА НА ОДБИЕНИТЕ ОД ФИТР: По д-р Лазаров, се огласи и Стаменов од „Донирај компјутер“- „А ќе им го обелевме образот“

„УПОРНО ДОНИРАТЕ НА ПРИВАТНИ СМЕТКИ, ИМАМЕ СЛУЧАЈ КАДЕ МАЈКА ИМА ВИШОК ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ И НЕ РЕДОНИРА НИТУ ДЕНАР“: Д-р Лазаров прашува „кој круг од пеколот е за вакви особи?“

„УПОРНО ДОНИРАТЕ НА ПРИВАТНИ СМЕТКИ, ИМАМЕ СЛУЧАЈ КАДЕ МАЈКА ИМА ВИШОК ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ И НЕ РЕДОНИРА НИТУ ДЕНАР“: Д-р Лазаров прашува „кој круг од пеколот е за вакви особи?“

Туберкулозата во 21 век: Зошто оваа болест сѐ уште претставува глобална закана?

Туберкулозата во 21 век: Зошто оваа болест сѐ уште претставува глобална закана?

НАД 500 ДЕЦА ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: расте бројот на малолетници во судир со законите, но и на оние во ризик

НАД 500 ДЕЦА ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: расте бројот на малолетници во судир со законите, но и на оние во ризик

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата го доби извештајот од ЕК, Мицкоски вети дека ќе работи на реформите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата го доби извештајот од ЕК, Мицкоски вети дека ќе работи на реформите

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК: Тоа е објективна слика и патоказ за реформските приоритети

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК: Тоа е објективна слика и патоказ за реформските приоритети