18 Декември, 2025
0.0497

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОМОШНИК НА МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ - си допишувал работни саати за поголема плата

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2025 11:44

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи информаше дека е поднесена кривична пријава против нивни вработен, кој бил раководител на висока работна позиција, и кој се терети за злоупотреба на службената положба и овластување.

- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Р. поради постоење на основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено во член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот, како помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, ја искористил својата службена положба или овластување, односно ги пречекорил границите на своето службено овластување на начин што за месеците јуни, јули, август, септември, ноември и декември 2023 година, врз основа на списоци за евиденција на прекувремени работни часови и листа на работници од Одделот за дисциплински и судски постапки кои ги исполнуваат услови за исплата на бонус плата за 2023 година која лично ја одобрил, а на која фигурирал под реден број, во отсуство на писмени наредби за реализирани часови работа со кои бил задолжен да извршува работи и задачи повеќе од полното работно време, се стекнал со парични средства на име работа подолга од полното работно време во износ од 80.134 денари и бонус плата за 2023 година во износ од 36.614 денари или вкупна противправна имотна корист во износ од 116.748 денари на штета на буџетот на МВР - се појаснува во соопштението на МВР. 



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери