16 Декември, 2025
0.0505

КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ: КОКО полиса за сигурно и квалитетно образование

Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2014 11:58

Добивај вести на Viber

Со почетокот на новата учебна година овој месец околу 275 000 ученици повторно седнаа во училишните клупи. Речиси 14 илјади првачиња ги направија првите чекори по својот едукативно-образовен пат. Повеќе од 200 илјади основци и средношколци го продолжија патувањето кон попросперитетна иднина. Ова патување содржи многу значајни моменти – години на школување, испити, приемни испити за високо образование, професионални курсеви. Моменти кои подразбираат сериозна инвестиција во знаењето на Вашето дете и неговата иднина. Со оглед на зголемените трошоци за образование, се наметнува како нужност потребата од навремено, постепено, планско штедење. Во пресрет на новата учебна година Кроациа Осигурување - Живот ги засилува своите активности во насока на сé поголема едуцираност на граѓаните за животното осигурување и подигнување на свеста за потребата од штедење. Секој родител сака на своите најмили да им обезбеди квалитетно образование, но квалитетното образование подразбира сериозна инвестиција. Со почетокот на новата академска учебна година речиси 60 илјади студенти го продолжија процесот на свое усовршување, и речиси исто толку семејства ќе се изложат на дополнително задолжување во насока на обезбедување на потребни средства за оваа инвестиција. Кроациа Осигурување – Живот Ви нуди безбеден начин да создадете капитал во насока на обезбедување на најдобра едукација за своето дете. Со склучување на КОКО - полиса на најрана возраст на Вашето дете, испланирајте ги заштедите и исплатите за образование на Вашето дете, на начин прилагоден на образовното патување. „За нас во Кроациа Осигурување – Живот  примарна препорака за потребите од КОКО – полиса е планот за сигурно и квалитетно образование на Вашето дете. Затоа топло Ви препорачуваме КОКО детско штедно осигурување како решение кое обезбедува потребни средства за сигурна и просперитетна иднина на Вашето дете“, велат од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави