03 Мај, 2024
0.0274

Кроациа осигурување го зголемува потенцијалот на македонскиот пазар

Објавено во: Мои пари 01 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Една од најстарите осигурителни компании во земјава Кроациа осигурување ад Скопје и Друштвото за животно осигурување 2015 година ја заокружи со раст на премијата од 26.49% како лидер на пазарот за животно осигурување.

Свеста кај граѓаните во Македонија во однос на животното осигурување е на високо ниво  што го потврдува и фактот дека дури 47% од полисите се потпишани под брендот на оваа компанија.

Во првиот квартал на 2016 година овој бренд бележи значителен пораст од 34.35% во сегментот на класично животно осигурување и 15% пораст на премијата за неживотно осигурување.

На денешната прес конфернција главниот извршен директор за Животно осигурување, Вилма Учета Дузлевска го претстави зголемениот потенцијал на Кроациа осигурување  на македонскиот пазар и новите услуги кои ги воведува овој бренд во земјава.

Кроациа осигурување Живот АД Скопје веќе 11 години успешно опстојува на пазарот, а доказ за тоа е и уште еден значителен чекор кој го направи компанијата официјализирајќи ги високите стандарди за квалитет под кои работи  и стана првата финансиска институција во Македонија која се сертифицираше под новата верзија на ISO стандардот за квалитет и се стекна со сертификат 9001:2015 одобрен од Loyd registar LRQA.

Г-га Вилма Учета Дузлевска истакна дека овој сертификат претставува уште една значајна придобивка за осигурениците, од аспектот на добивање прецизна, квалитетна и стандардизирана услуга од оваа компанија.

Кроациа осигурување презентираше неколку нови услуги.

Од следниот месец Кроација Осигурување заедно со НЛБ Банка ќе нудат полиси за животно осигурување со кредитни производи на банката, под значително поволни услови за клиентите.

„Стратешката вредност на овој бренд е фокусот кон клиентот. Токму затоа, компанијата заедно со НЛБ Банка отпочна стратешка соработка во делот на банко осигурувањето, а од следниот месец ќе се нудат полиси за животно осигурување со кредитни производи на Банката, под значително поволни услови за клиентите“, посочи Вилма Учета Дузлевска.

Во втората половина од 2016 година, Кроациа Осигурување-Живот ќе понуди нов производ, рентно животно осигурување, со кој на осигурениците во вториот пензиски столб во моментот на пензионирање ќе им се понуди исплата на однапред дефинирани пензиски ануитети. Покрај програмот Сениор рента, компанијата најавува и Стпендиска рента, програм прилагоден за младите генерации. Со новиот пакет за домаќинско осигурување, Кроациа Осигурување, пак, допринесе на севкупното зголемување на имотните осигурувања од 34%.

Претседателот на  Управата на Кроациа осигурување г-дин Санел Волариќ му честиташе на тимот во Македонија за успешната работа и постигнатите одлични резултати осврнувајќи се на развојот на Групацијата во регионот.

„Во претходните две години Кроациа Осигурување помина низ трансформација која нас ни овозможи стабилно и одржливо темелно работење и создавање на нова синергија со членовите на Групацијата. Во иднина пред нас е амбициозен план на раст на приходите и профитабилноста како продолжување на процесот за изградба на пазарно ориентирана корпоративна култура. Со понатамошниот развој на нови производи и нови канали на продажба ќе излеземе во пресрет на потребите на клиентите, бидејќи наша цел е да бидеме достапен, брз и сигурен партнер, изјави Волариќ.

Стабилен и континуиран развој забележан и во доменот на неживотното осигурување

Кроација Осигурување-Друштвото за неживотно осигурување во годнините наназад бележи стабилен и континуиран развој.

Главниот извршен директор на овој бренд Гоце Вангеловски истакна дека во првиот квартал од годинава има раст на имотното осигурување од 34 отсто, а бројот на нови клиенти е пораснат за 20 отсто.

Во делот на неживотното осигурување, компанијата годинава креира нов пакет за домаќинско осигурување (Основен, Стандарден, Премиум) што е скроен за сите потреби, од најмал стан до најголемо живеалиште, со годишна премија што е прифалива за сечиј џеб.

Во услови на криза граѓаните повеќе штедат

Политичката криза нема негативно влијание врз осигурителниот бизнис во Македонија, констатираше главниот извршен директор Вилма Учета Дузлевска која истакна дека во услови на криза, граѓаните повеќе се одлучуваат за сигурни начини за штедење.

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија