Купуваат нуклеарни бункери, но ги претвораат во нарко фабрики
Објавено во: Свет 14 Август, 2017
Тројца британски мажи од малиот град Чилмарк го купиле бункерот изграден од Министерството за одбрана во 80 година наменет за безбедно престојување на владини службеници во случај на нуклеарна катастрофа. Сепак, нивната намера не била да се кријат од судниот ден туку напротив сакале баш добро да живеат организирајќи голема нарко операција.
Огромниот бункер бил претворен во плантажа за марихуана од која секоја шеста недела се добивала жетва со добро поставениот систем на осветлување и загревање. Најголем знак кој ги издал е струјата која ја употребувале бидејќи била над вообичаената потрошувачка со осветлување вредно околу 150 илјади евра.
Полицијата прво чекала тројцата осомничени да излезат од бункерот за потоа да ги уапсат. Сега се соочуваат со затвор од 5 до 8 години за нарко трговија.
Бункерите за преживување стануваат се подобри места за одгледување на марихуана поради затскриеноста и намената која асоцира на сосема друг животен стил.