ЛА НИЊА ГОДИНАВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПОВЕЌЕ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ: Но сепак нема да биде најладната зима до сега
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2025 06:00
Изминатиов подолг период во голем број од медиумите читаме и слушаме најави дека пред нас е зима на векот или најладна зима досега. Прогностичките модели не го кажуваат тоа и не даваат такви знаци. Прогностичките модели укажуваат на тоа дека зимата 2025/2026 година ќе биде потопла за еден до два степени од 30 годишниот просек. Сепак со оглед дека оваа зима ќе биде Ла Ниња зима, односно на Пацификот е активен климатолошкиот ладен феномен Ла Ниња па токму поради ова претстојната зима може да биде малку поладна само од последните неколку години, но не и најладна досега или зима на векот, таквата зима е далеку од нас, објави метеорологот Славчо Попоски.
„Секако Ла Ниња оваа сезона ќе придонесе за повеќе врнежи како од дожд така и од снег, тоа значи дека снегот оваа зима ќе биде почеста појава кај нас и очекувам поснежна зима со поголем број на снежни денови, особено во повисоките населени места, планините и на скијачките центри. Поради Ла Ниња, растат условите да се соочиме и со повремени поголеми студови кои би предизвикале да имаме исклучително ниски температури на воздухот, но тоа не е нешто што не се случило во нашата Македонија и ширум Балканот и секако нема место за никаква паника и ширење на истата.
Исто така, Ла Ниња повторно оваа сезона ќе донесе снег и во Скопската котлина и широкиот дел од Скопскиот регион. Оваа сезона поголеми се условите за повеќе врнежи од снег и во Скопје и околината со повеќе денови со врнежи од снег.
Да напоменам дека сезонските метео анализи служат како резерва околу тоа како би се одвивале временските услови и развојот на временската состојба во нашата Реублика Македонија. Секако истите не се во целост сигурни и поради тоа што се работи за долгорочно анализирање на времето промени во анализата секако дека се можни. Затоа граѓаните да ги следат моите секојдневни пократкорочни метео анализи кои се со голема веројатност за остварување, односно можност за остварување и за повеќе од 90 % сигурна метео анализа“, објави тој.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




