Ламбе Алабаковски осуден правосилно за палењето на влезот на клубот „Иван Михајлов“
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2022
Пејачот Ламбе Алабаковски е осуден на условна казна од шест месеци за палењето на влезот на културниот бугарски клуб во Битола „Иван Михајлов“ во инцидент што се случи пред неколку месеци.
Алабаковски по подметнувањето на пожарот беше притворен, но по неколку дена беше пуштен во домашен притвор, а подоцна му беше овозможено да се брани од слобода.
Информацијата ја потврдила Основниот суд во Битола за „Нова Македонија“. Алабаковски го призна делото. Условот е во период од една година да не стори ново кривично дело.
Алабаковски се согласил на ваквата казна. По пресудата, на Алабаковски му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот.