Лавина реакции за дебатата меѓу Амар и Орце
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2025 12:59
Синоќешната дебата помеѓу двајцата кандидати за градоначалници на Скопје, Амар Мециновиќ од Левица и Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, предизвика голем интерес кај граѓаните и предизвика жестока дебата на социјалните мрежи.
Текстови со поддршка за едниот или другиот се уште се објавуваат на социјалните мрежи.
Ви пренесуваме дел од истите.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
„Бидејки очигледно не се разбираме:
1. Најпаметниот Македонец да го земете не може да биде добар Градоначалник без Совет и без поддршка од централната власт (особено со деструктивен совет и деструктивна централна власт.
2. Амар Мециновиќ е еден од најперспективните политичари во Македонија. Амар има шанса да стане Градоначалник на Скопје и да си ја заврши кариерата и да не стане Градоначалник на Скопје па да продолжи да биде успешен пратеник, министер или премиер. Бидејки ако ништо друго НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ КОРУМПИРА. Поентата ми е дека Амар не е профил за локален политичар односно он не знае колку претпријатија има Градот но може да ни држи лекции по меѓународна политика на пример.
3. Амар беше советник во Град Скопје а потоа отиде за пратеник за сега повторно да сака да се врати во Град Скопје (значи на него не дека ептен му е мерак да биде Градоначалник туку го користи како средство за личен краткорочен кариерен напредок). Да сакаше да биде локален политичар немаше воопшто да се кандидира за пратеник туку ке си останеше во Совет. (ЛОГИЧНО)
4. Јас бев кандидат за советник втор на листа и освоивме 5.241 глас и влезе еден а јас не влегов, но јас нема да се нафатам за ништо друго туку ќе чекам 4 години за тие гласови да ги дуплирам и да влезам во Совет на Град Скопје. Бидејки сметам дека таму можам да дадам придонес и попрво би сакал да бидам најуспешниот советник отколку неуспешен пратеник, министер итн.
5. Сме се сретнале случајно два пати пред изборите и буквално секој втор збор му беше дека многу би бил среќен ако јас станувам советник во Град Скопје. Затоа и јас многу ке бидам среќен Амар да не стане Градоначалник на Град Скопје (иако ке го гласам) бидејки за неколку години УБЕДЕН сум дека ке ми каже во право беше“, пишува Мухамеди.
особено кај интелектуалците,
е нивното целосно незнаење за тоа како навистина функционира светот“, напиша Илија Димовски.
„Вечерва на дебатата се урна целата стратегија на левица и перцепцијата која сакаат да ја изградат за нив во јавноста.
1. „Интелектуалната“ левица да ти била без факултет, дури ни без оние 3 години.
2. „Децата на стечајците“ да ти биле од фамилии чии родители не настрадале од пропаста на државните фирми.
3. „Неподмитливите“ имаат деловни објекти дивоградби.
4. На „Децата на работничката класа“ први вработувања им се државни функции, без ден стаж претходно. (тоа фриленсери се стари фори, кои можат и да се проверат патем)
Амар мене ми личи на супер и коректен дечко но решил да се изгори влегувајќи во локална политика со реторика и пароли, среќа не почна да кажува латински изреки. За локална политика треба спремност за работа и идеја како нештото ќе го сработиш, со рокови и буџет, нешто што Орце во дебатата го покажа. Менаџирање на град не е филозофија за политички системи и уредувања, менаџирање на град е засукување ракави и работа“, напиша Никола Србов.
„Интересно.
Овие ДПМН-овциве кои се тратуваат од земја заради тоа што противкандидатот на Орце бил многу млад, немаа проблем кога беше избор за член на првата Комисија за заштита од дискриминација да гласаат за пилиштерка која немаше појма од материјата за која ја предлагаа.
Изборот беше меѓу мене (доктор по правни науки, претседател на Хелсиншкиот комитет и меѓународен експерт за дискриминација) и учителката по музичко со завршена Педагошка академија.
И тогаш рекоа: ајде да и дадеме шанса на учителката па може ќе не изненади. Не не изненади и Комисијата постепено се претвори во уште една безгласна институција во функција на партиите.
А и да не ги спомнувам министрите на ДПМНЕ (како Диме наш голем маж) кои дојдоа на функција право од градинка па се бркаа со полиција по скопските улици.
Разликата во моментов е тоа што на една страна имаме партиска марионета со веќе ддокажана неспособност и млад човек кој има два грама мозок и некакво искуство во политиката па и во локалната самоуправа.
Да, јас мислам дека секој чесен човек во Скопје треба да гласа за Амар. Не затоа што е идеален кандидат (идеалниот кандидат Горан Марковски доби само 7000 гласови), туку затоа што е срамно повторно градоначалник на главниот град да биде копук од ДПМНЕ, напиша Најчевска.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




