Лавров: Западните земји сакаат да ги спречат преговорите, а Зеленски е тврдоглав
Објавено во: Свет 24 Август, 2025 14:37
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска ги обвини западните земји дека се обидуваат да ги спречат преговорите за Украина.
- Тие само бараат изговор за да ги спречат преговорите, изјави Лавров во интервју за државниот телевизиски канал „Росија“.
Лавров го критикуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, опишувајќи го како „тврдоглав, кој поставува услови, барајќи по секоја цена итен состанок“ со рускиот претседател Владимир Путин.
Тој одговарајќи на прашање за заканите од западните држави за нови санкции кон Русија ако нема преговори, потенцира дека тоа е „обид да се наруши процесот инициран од Путин и Трамп, а кој даде многу добри резултати“.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




