26 Април, 2024
0.1855

Лазарополе е на високо, но воздухот и таму е загаден?

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Иако Лазарополе се наоѓа на надморска височина од 1350 метри, сепак има денови кога воздухот е загаден.

Во ова село во Западна Македонија во петокот имаше 31 ПМ честичка на 100 микрограми. Во понеделник според апликацијата Мој воздух, на 100 микрограми имало 41 ПМ честичка, a во вторник 52 ПМ честички на 100 микрограми. И според мерењата на Министерството за животна средина, во Лазарополе воздухот деновиве бил ниско загаден.

Од невладините организации сметаат дека најверојатно греењето на дрва е фактор кој доведува до загадување. 

„Ако се работи за микро загаденост, тоа е најчесто поради тоа што луѓето во селата се грејат на дрва или во околината можеби има некоја депонија, која се пали, и од тоа се јавува загаденост на воздухот“, смета Антонио Јовановски од невладината организација Go green.

Љубица Балојани, претседателка на „Еко жена“ од Битола вели дека факторот кој доведува до таа мала загаденоста на воздухот или е греењето на дрва, или ветерот ги разнесува штетните честици од општините во полошко кои се постојано загадени.

Скендер Аме од Дебар, кој е претседател на здружението на сточари Даши, и редовно го посетува овој крај затоа што таму има свои стада, вели дека фабрики нема, но и депонии нема.

„Таму има дваесетина куќи со жители, а во лето се повеќе, доаѓаат луѓето во викендици. Се работи за мало население, ѓубре нема, но тие што се таму се грејат на дрва“, вели Аме.

Од Министерството за животна средина велат дека мерната станица во Лазарополе е поставена 2004 година. Се наоѓа на 1333 метри надморска височина, претставува рурална позадинска станица и станица  која го следи прекуграничното загадување на воздухот. 

„Согласно направената оценка на квалитетот на воздухот на ова мерно место се евидентирани ниски концентрации на загадувачките супстанци. Единствено во текот на летниот период при зголемена сончева радијација, најчесто е надмината целната вредност за озон, што е нормално и карактеристично за области со поголема надморска висична. Генерално, оваа станица е репрезент на руралните области кои се карактеризираат со чист воздух. На 31.10 и 01.11.2018 година се бележи надминување на среднодневната гранична вредност за РМ10 од 50 микрограми на метар кубен и тоа на 31.10.2018 е измерена среднодневна концентрација на РМ10 од 72.82 микрограми на метар кубен, додека на 01.11.2018 година 78.73 микрограми на метар кубен. Веќе од 02.11.2018 се бележи тренд на намалување на концентрацијата на РМ10 и тие се под дефинираната среднодневната гранична вредност. Овие забележани повисоки концентрации на РМ10 се должат на засиленото струење на воздухот од југ, што допринесува за транспорт на прашина од пустинските делови на Африканскиот континент. Оваа состојба беше и најавена во временската прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, на 30.10.2018 година“, велат од Министерството за животна средина.

Големите градови во Македонија се соочуваат со сериозно аерозагадување. Тука спаѓаат Скопје, Тетово, Куманово, а повремено и Струмица. Пред неколку дена Скопје беше 6 најзагаден град во светот, и се најде на листата на air visual, a вчера 8 на листата беше хрватскиот главен град, Загреб.

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот