ЛАЖНО ПРИЈАВИЛЕ СКЛУЧУВАЊЕ НА БРАК: Кривична за четворица, вработени во Управата за водење на матични книги
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2025 13:29
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Б.(56), Н.З.(41), Х.Е.(53) и В.П.(67) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата “.
„Првопријавената, матичар во Управа за водење на матични книги во Лојане, општина Липково, постапила несовесно во вршење на своите овластувања и должности на начин што во матична книга на родени во с.Лојане извршила дополнителен упис дека едно женско лице склучила брак со машко лице и го зела неговото презиме, по што второпријавениот во својство на матичар на 26.03.2024 издал извод од матична книга на родени за неа. Третопријавениот, помлад советник во Одделение за управни работи Куманово го примил поднесеното барање за издавање на патна исправа, а четвртопријавениот во својство на виш советник за патни исправи во одделението во Куманово проценил дека се исполнети сите законски услови за вадење на пасош и го одобрил издавањето“, соопшти полицијата.
На тој начин , пријавените овозможиле на лицето да користи два идентитети.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




