ЛДП бара да не се уништува зеленилото во Скопје
Објавено во: Македонија 31 Мај, 2016
Од ЛДП велат дека продолжува уништувањето на зелените површини во Скопје.
Според нив, ова е веќе редовна појава и тоа во услови кога загадувањето на воздухот достигнува драматично високо ниво, поради што Скопје е најзагаден главен град во Европа.
„Концентрацијата на ПМ 10 честички, како и на ПМ 2,5 честички, околу 200 дена во градот е над дозволеното ниво, а честопати и повеќе од 5 пати над дозволеното ниво. Пред два дена на планината Водно, која преставува „бели дробови“ на градот Скопје е забележано нелегално сечење на боровата шума заради пробивање на пат кон приватен имот. Притоа без никакова реакција од надлежните во општината Карпош. Од надлежните органи во општината Карпош, од градот Скопје и од надлежните државни органи веднаш да утврдат одговорност за ова бесправно сечење на планината Водно“ - реагираат од ЛДП.
Вчера се случи уште едно безмилосно уништување со сечење на дрвата зад зградата на Владата на Република Македонија, се вели во соопштението на ЛДП.