ЛЕКОТ ИБУПРОФЕН ИМА ПОЗИТИВНИ ЕФЕКТИ ВРЗ МОЗОКОТ: Најново истражување коие ги изненади и самите наулници
Објавено во: Свет 14 Февруари, 2025 11:27
Ибупрофен е еден од најпопуларните лекови против болки. Се
користи за намалување на воспаление, ублажување на главоболки, забоболки или
болки во грбот, а помага и во борбата против симптомите на настинка.
Сепак, една неодамнешна студија спроведена од Универзитетскиот колеџ во Лондон открива дека ибупрофен може да има дополнителни позитивни ефекти - може да ја подобри меморијата и да го скрати времето на реакција на болка.
Истражувачите ги анализирале когнитивните ефекти на вообичаените лекови на примерок од околу половина милион луѓе во Велика Британија, на возраст до 73 години. Студијата опфати податоци за употреба на лекови и резултати од тестови за меморија, време на реакција, способност за расудување и решавање проблеми.
Резултатите покажале дека луѓето кои земале еден од десетте вообичаени лекови имале подобри резултати на тестовите во споредба со оние кои не ги користеле овие лекови. Истражувачите откриле дека лековите за лекување болка, воспаление, артритис, срцеви заболувања, астма, алергии и висок крвен притисок може да имаат најголем позитивен ефект врз когнитивната функција.
Сепак, истражувањата покажаа дека парацетамолот може да има спротивен ефект - неговата употреба може да ја влоши меморијата. Исто така, антидепресивот флуоксетин покажа силни негативни ефекти врз меморијата и способноста за решавање проблеми.
Научниците истакнуваат дека овие резултати сугерираат поврзаност помеѓу земањето одредени лекови и подобрувањето на когнитивната функција, но не докажуваат дека овие лекови директно ги предизвикуваат овие позитивни ефекти. Потребни се дополнителни истражувања за да се утврди причинско-последичната врска.
Има малку истражувања за когнитивните ефекти на вообичаените лекови, а еден предизвик е фактот што многу од нив најчесто се користат кај постарите возрасни лица, често во комбинација со други лекови, што може да го отежне толкувањето на резултатите.
фото: UnsplashМожеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




