05 Мај, 2024
0.0252

Лесно до работа и бизнис во Австралија за Македонци: Како и на кој начин …

Објавено во: Мои пари 28 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

„Аустралијан експо“ на саем за прв пат во Македонија.

Кои се можностите за бизнис, вработување, студирање ... дел од прашањата кои можевте да ги дознаете доколку денес појдовте на саемот.

Фокусот на саемот беше ставен на  апликациите за визи, во пошта и идентификацијата на луѓето за бизнис инвестиции во Австралија.

Претставничката на  државата Викторија, Зејн Реброња говореше за  можностите за бизнис кои ги нуди таа земја доколку некои бизнис компании сакаат да  да се прошират во Австралија.

„Ние не им помагаме во изнаоѓањето на можностите за бизнис, но можеме да им помагнеме само доколку имаат бизнис компании тука и ако сакаат да се прошират во Австралија. Исто така можеме да им помогнеме да пронајдат бизнис партнери за соработка“, изјави Реброња.

Покрај бизнисот место на промоциите најдоа и можностите за студирање и миграција во градот Џилонг во Австралија, кој се наоѓа еден час далеку од Мелбурн.

ЕВЕ ШАНСА: Австралија бара работници, од столари до архитекти!

Додека многумина размислуваат да најдат некој „подобар живот“ во странство, сега ви се нуди шанса тоа да го направите и да отпатувате во Австралија.

Австралиското Министерство за имиграција и гранична заштита изададе нова листа на занимања кои им се потребни за 2016-2017 година, а за кои може да се пријавите. Оваа листа ќе стапи на сила од 1 јули 2016 година и се однесува на оние кои ќе аплицираат за виза.

Во таа група спаѓаат работни визи: постојана престојна виза за стручни работници, привремени визи-во траење од 4 години во кои работниците би работеле во одредени подрачја за да би можеле да аплицираат потоа за постојана виза, привремена виза за дипломирани-живот и работа во Австралија после завршување на студиите.

Меѓу занимањата кои се бараат, се менаџери на проекти, индустриски инжинери, инжериз за агрокултура, биомедицински инжењери, наутички архитекти, шумари, ветеринари, наставници, педијатир, невролози, ревматолози, физијатри, хирурзи, медицински сестри, ѕидари, столари, електричари социјални работници, психотерапевти..

Погледнете ја подолу листата за кои занимања уште им се потребни работници.

Полесно до работа во Австралија-Еве и како!

Многумина сонуваат за работа во далечната Австралија, но немаат идеја откаде да тргнат како би ја пронашле. Нивниите најголеми портали за работа се добра почетна станица.

Еден од најголемите портали за барање на работа во Австралија е seek.com.au, така да нема да биде лошо за почеток да побарате таму.

Описот на работа и потребни квалификации се детално опишани, но за компанијата евентуално ќе пишува „Мултинационална компанија со седиште во Сиднеј“ или нешто слично.

Во зависност од работата која ја барате, може да проверите и понуди и огласи на  gumtree.com.au. На пример, сезонски работи во угостителство веројатно лесно ќе најдете баш на таа адреса. Популарен е и indeed.com.au па добро е да погледнете и на тој сајт.

Ако ги пронајдовте огласите кои ве интересираат, преминувате на следниот чекор. Биографија и молба. Генерално правило е дека морате некако да се истакнете во масата, но, како што велат оние кои работат во Австралија, таму е малку тешко, ако се земе предвид работното искуство и квалификации.

Праќање на универзална биографија и популарно писмо нема да ве доведе никаде (затоа размислете како да привлечете внимание).

Откако успеавте да бидете забележани, ќе добиете повратен позитивен одговор како и повик за интервју.

А што може да очекувате при телефонско интервју?

Во текот на телефонско интервју кратко ќе поминете преку CV, со коментирање на претходното работно искуство. Тогаш ќе го поврзете претходното искуство за позицијата за која конкуриравте.

Прашањата може да бидат доста различни во зависност од позициите и претпријатијата/агенциите во кои се пријавивте така што и не можете баш однапред да се подготвите.

Секако би требало да имате некаква генерална идеја што би одговориле на прашањата: како ќе допринесете за компанијата ако ве вработат, како функционирате под притисок, какви сте во тимска работа а какви во самостојна работа и слично.

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ