19 Декември, 2025
0.0722

Летен камп „Медо Штедо“ за децата од СОС Детско село

Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2014 18:20

Добивај вести на Viber

СОС Детско село, Шпаркасе Банка Македонија, Медиа принт Македонија и Црвениот крст на град Скопје организираа донаторска акција за Летен камп „Медо Штедо‘‘ преку која ќе се овозможи летување за 35 деца од Детското село во кампот „Солферино“ во Струга. „Мојата единствена шанса за летување СТЕ ВИЕ‘‘ е пораката со која се повикуваат сите граѓани да го дадат својот придонес за испраќање на децата во летниот камп во Струга. Пари се собираат од саботата се до 12 јули. Летниот камп „Медо Штедо“ ќе се одржи во периодот од 12 до 25 јули, при што дечињата ќе имаат повеќедневен летен одмор со многу игра, спортски и рекреативни активности кои ќе бидат специјално за нив подготвени од волонтерите од Црвениот крст и вработените од Шпаркасе Банка. Граѓаните ќе може да донираат согласно своите можности преку посебната трансакциска сметка на Шпаркасе Банка број 250-0000000001-11, со повикување на бројот 2924000627. Може да се подарат пари и преку повик на хуманитарниот телефонски број 143 456 на сите три мобилни оператори Т-Мобиле, ВИП и ОНЕ. Секој повик чини 100 денари + ДДВ. Дополнително, Шпаркасе Банка ќе донира по 1 денар, за секоја трансакција која ќе биде направена со платежните картички на Банката.    

Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година