ЛЕТОВО ДОБРО НЕ ИСПРЖИ: Идните лета уште пожешки
Објавено во: Анализа 06 Септември, 2024 10:20
Летото во 2024 година е најтопло на северната хемисфера досега. Просечната глобална температура од јуни до август 2024 година беше највисока досега, 0,69 степени Целзиусови повисока од тримесечниот просек забележан во периодот од 1991 до 2020 година, објави денеска службата за климатски промени на Европска Унија Коперник.
- Земјата ги доживеа најтоплите јуни и август, најтоплиот ден досега и најжешкото лето досега. Оваа низа рекордни температури ја зголемува веројатноста 2024 година да биде најтоплата година досега, изјави заменик-директорката на Коперник, Саманта Бурџис.
Таа додаде дека температурите во иднина ќе бидат поинтензивни ако не се преземат итно мерки за намалување на стакленичките гасови.
Просечната температура во Европа во текот на трите летни месеци беше највисока досега, со 1,54 степени Целзиусови над просекот од 1991 до 2020 година, надминувајќи го претходниот рекорд од 1,34 степени Целзиусови поставен во 2022 година.
Според извештајот на Коперник, условите биле повлажни од просечните во Западна и Северна Европа. Во поголемиот дел од медитеранскиот регион и во Источна Европа, условите беа посуви од просекот, што доведе до суша на некои места.
За периодот од септември 2023 година до август 2024 година, просечната глобална температура била за 1,64 степени Целзиусови повисока од прединдустрискиот просек, покажуваат податоците на Коперник.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





