Левица бара од како што велат „министерката за радост“ да реагира за новото контроверзно здружение во Охрид
Објавено во: Македонија 08 Август, 2022 14:37
Министерката за радост да реагира за новото нео-фашистичко здружение во Охрид, велат од политичката партија Левица.
Велат дека министерката Бисера Костадиновска Стојчевска во својата ригорозност е селективна, затоа што недостигот на реакција за никнувањето на низа нео-фашистички здруженија на територијата на Македонија тоа го покажува. Од Левица велат дека по отворањето на нео-фашистичкиот „културен клуб“ во Битола, кој го носи името на најголемиот крвник на македонскиот народ и фашист Ванчо Михајлов, сега во Охрид, покрај здружението „Ратко“ (едно од псевдонимите на Ванчо Михајлов), никна ново здружение, именувано како „Цар Борис III“.
„Овој бугарски цар, за време на Втора светска војна, ја приклучи фашистичка Бугарија кон тројниот пакт. Потоа следеше и инвазија, окупација и анектирање на Македонија, кое беше проследено со многубројни убиства и ѕверства врз недолжното македонско население и македонските партизани. Бугарските фашистички војски на Цар Борис, придонесоа кон „конечното решение“ на Хитлер, и притоа голем број македонски Евреи беа депортирани во концентрациониот логор „Треблинка“, се вели во соопштението на Левица.
Од Левица велат дека претседателот на ова здружение е извесен Томе Блажески, кој активно работел во повеќе слични здруженија кои, како што вели партијата, „имаат за цел да го поматат разумот на младите охриѓани и Македонци.“
Партијата посочува дека преку регистрирање на овие нео-фашистички здруженија, власта испраќа сигнал до македонското население, дека заштитата на интересите на овие асимилаторски политички агенти е приоритет пред заштитата на македонската државност и анти-фашистичка историја.
„Тоа што за време на прославата во Крушево на Македонците им беа одзимани транспарентите на кои се спомнува фашизмот и фашистичка Бугарија, додека на територијата на државата непрестајно никнуваат нео-фашистички здруженија од овој тип, јасно ни кажува дека пробугарската Влада има фашистичка агенда која има за цел да ја исполни во целост“, пишува Левица во соопштението.
Од партијата прашуваат кој му дал дозвола за отворање на едно вакво здружение.Можеби ќе ве интересира
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ




