ЛЕВИЦА: Бараме законски измени за 50 годишна забрана за изградба на објекти на опожарените места
Објавено во: Македонија 05 Август, 2024
Политичката партија Левица смета дека треба да се преземат мерки со цел да нема палење на шумите.
Левица поднесе законски измени за 50 годишна забрана за изградба на објекти на опожарените места.
Пратеникот од оваа партија, Сашко Јанчев, вели дека целта на предложените законски измени е да се дестимулира намерното палење на шумите и подметнување шумски пожари.
„Потенцијални мотиви за подметнување пожари се земјиштето кое било зафатени од пожар да се урбанизира, на него да се изградат објекти, фотоволтаични централи и да се врши сеча на шумите. Затоа, законските измени коишто ги предложи Левица предвидуваат 50 годишна забрана за било каква урбанизација, изградба на објекти, фотоволтаични централи или сеча на шумите. Усвојувањето на овие измени ќе го направи подметнувањето пожари бесмислено и ќе го дестимулира намерното предизвикување на шумски пожари. Ги повикуваме останатите пратенички групи во Собранието на Република Македонија да го поддржат овој Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за шумите“, вели Јанчев.