07 Декември, 2025
0.0388

Левица: ДПМНЕ и Јанчев донесоа ДУП во Кавадарци за кој жителите поднесуваа кривични пријави

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2024 16:20

Добивај вести на Viber



Левица денес реагира дека на последната седница на Советот на општина Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Митко Јанчев донеле скандалозен Детален урбанистички план, кој предвидува, како што велат од таму, мегаломански згради во непроодни улици во центарот на овој град.

„На овој ДУП претходно имаше огромни реакции од жителите на Кавадарци, од кои повеќето беа присутни на четири јавни анкети, каде нивните забелешки не беа прифатени.

Советникот Круме Богевски од Левица првично поднесе 99 амандмани и нови 101 амандман за блокирање на овој ДУП. Дополнително, граѓаните на Кавадарци самоиницијативно отпочнаа кривична постапка против Општината и порачаа вештачење во кое предложениот ДУП со мегаломански згради во тесни улици е опишан како “урбанистичко силување“.

ДПМНЕ, и покрај кривичната постапка која е активна, го стави ДУП-от на дневен ред и како последен обид, советникот од Левица држеше тричасовен филибастеринг, убедувајќи ги членовите на Советот да не изгласаат погубен ДУП кој ќе му пресуди на градот со трајни последици по достапноста, животната средина и хуманото живеење!“, реагира Левица.

Според партијата, носењето на ваков скандалозен ДУП од страна на градоначалникот Митко Јанчев, спротивно на барањата и потребите на жителите, е единствено во корист на урбанистичката мафија и локалните моќници.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од скопската Железничка

ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од скопската Железничка

ГУЖВА НА ГРАНИЦИТЕ: Еве каде се чека најмногу

ГУЖВА НА ГРАНИЦИТЕ: Еве каде се чека најмногу

Ја затворил во стан, ја принудувал на секс и барал кокаин со закани дека ќе ја убие: Истрага и притвор за 29 годишник од Неготино

Ја затворил во стан, ја принудувал на секс и барал кокаин со закани дека ќе ја убие: Истрага и притвор за 29 годишник од Неготино

ДАНИЛОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВА ВАРИЈАНТА ОД ГРИПОТ А/H3N2: Што значи тоа за нас и како да превенираме?

ДАНИЛОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВА ВАРИЈАНТА ОД ГРИПОТ А/H3N2: Што значи тоа за нас и како да превенираме?

Студени утра, топли денови: Погледнете ја прогнозата за следните денови

Студени утра, топли денови: Погледнете ја прогнозата за следните денови

„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски

„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски

„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите

„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите

Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“

Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“

Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија

Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија