Левица: Kрајна цел е во бројот на Бугари во Македонија да влезат сите Македонци со бугарски пасош
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2022 18:39
Според политичката партија Левица, Протоколот од Македонија прави колонија на Бугарија.
Велат дека според него, Македонија за старт на преговори мора: Да внесе Бугари во Уставот и цело законодавство.
„Со ова, едната крајна цел е во бројот на Бугари во Македонија да влезат сите Македонци со бугарски пасош. Потоа, врз основа на таа бројка, да се формира процент на застапеност на Бугари во Македонија и врз основа на тој процент да се бараат квоти за вработување на Бугари во државни институции. Другата крајна цел е после избори, бугарските сателит партии да учествуваат во поделба на владиниот апарат. Во исто време Македонија мора да потврди дека се откажува од македонско малцинство во Бугарија. Македонија мора да ѝ даде копии на Бугарија од сите методолошки насоки, учебници, учебни помагала и други образовни материјали за од Бугарија да добива команди што чини, а што не чини. Македонија мора Министерството за надворешни работи да го претвори во Министерство за полиција на мислата“, додаваат од партијата.
Наведуваат дека Министерството за надворешни работи(МНР) мора да го лови секое спомнување на бугарски фашистички окупатор и фашистички ѕверства од Втора светска војна, секој натпис на споменици од НОБ за бугарски фашисти, секор такво спомнување во учебници и учебни програми, дури и секое спомнување во медиуми.
„Министерството мора секоја таква појава да ја третира како говор на омраза и непријателска пропаганда кон Бугарија и да создаде механизам за супресија со кој тоа ќе се спречи. Во превод крајна цел е цензура и контрола на мислата. Македонија мора да и дозволи непречен пристап на Бугарија до македонските архиви во периодот од 1945 до 1991 година. Македонија мора да направи календар за заедничко чествување на сите историски ликови и настани од среден век, па се до 1944 година како ликови и настани од заедничка историја на Македонија и Бугарија. Да се стави нова табла пред тврдината на Самуил по бугарски терк, да се даде нова предлог програма за Самуил која во иднина треба да стане државна учебна програма. Комисиите за историја и образование да се состануваат од осум до десет пати како Македонија би добивала повеќе диктати. А потоа, откако ќе почнат преговорите, Македонија до влез во ЕУ мора: Да го смени учебникот по географија за седмо оделение, во иднина нешто ако не и се допаѓа на Бугарија по учебници веднаш да се мени, ако Македонија реши да менува нешто во учебници прво да праша во Бугарија, да спроведува апсолутна цензура и контрола на мисла по бугарски терк и да ги исполни сите диктати на Бугарија кои се однесуваат на историја, образование и споменици“, додаваат од Левица.
Од партијата повикаа народот на излезе на протести во 19 часот.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




