Левица: Mаските за „европска Македонија” на нелегитимната власт на пробугарскиот СДС одамна се паднати
Објавено во: Македонија 06 Јули, 2022 16:36
Oд партијата Левица велат дека маските за „европска Македонија” на нелегитимната власт на пробугарскиот СДС одамна се паднати.
Додаваат дека сите декларирани алузии за македонскиот идентитет, јазик, политичка автономија и сувереност, економски просперитет и слични манипулации на криминалната владејачка класа се разбиени – македонизмот и македонскиот работник се жртва на нивните лукративни интереси.
„Лажни и манипулативни се нивните „повисоки цели” поради кои македонскиот народ го лишат од основните атрибути на неговиот културен и политички идентитет и историски континуитет. Со прифаќање на понудениот Предлог НЕ СЕ ОТВОРА ПАТОТ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА на Македонија во ЕУ, туку се завршува процесот на нејзината конечна дезинтеграција – исчезнување на македонска држава во Европа. Македонскиот јазик станува прв јазик за кој ЕУ (преку Бугарија) официјално ја отвара можноста да биде негиран и предмет на преговарање за интеграција; Не постои никаква гаранција дека Бугарија во иднина нема да блокира. Нивните барања стануваат целосно дел од процесот, и ќе можат да се наметнуваат нови; EУ и Бугарија, со барањата поврзани околу работата на т.н. Историска комисија сакаат од македонскиот народ и држава да создадат бугарска играчка која нема сопствено минато и целосно да го погазат револуционерното, партизанското, антифашистичко и АСНОМ-ско минато, негирајќи постоење на македонски народ со свои атрибути пред 1945 година! Затоа, во овој критичен историски момент нема простор за слабост и чекање, неопходен е автентичен и силен отпор на македонскиот народ! Апелираме да не се потпаѓа на провокациите на полициските инфилтратори и вечер повторно МАСОВНО и достоинствено да протестираме против присилната бугаризација на Македонија! Сите лица со фантомки ќе бидат отстранети од редарските служби“, велат од Левица.
Синоќа ескалираа протестите пред Собранието против францускиот предлог. Повредени се 47 полицајци.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




