04 Декември, 2024
0.0260

Левица обвинува: Со денови се чека на Онкологија, додека ресорот - здравство останува во рацете на Алијанса

Објавено во: Балкан 29 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

„Поради недостаток на кадар и лошо менаџирање на постоечките човечки ресурси, во јавните здравствени установи се чека со денови за преглед или администрација на терапија. 

До нас пристигна информација за случај на пензионерка, која по долг пат и многу надеж дека ќе ја прими терапијата на Клиниката за онкологија, била вратена дома без да ја добие потребната терапија. Од 6:40 часот наутро до 9:30 часот чекала за „бројче“, само за на крај да биде информирана дека сите места за терапија се веќе пополнети и дека терапијата ќе ја прими следниот ден...

Пациентите, вклучувајќи ја и нашата сограѓанка, беа вратени без било каква грижа или разбирање за нивната ситуација. Пациенти од цела Македонија со часови патуваат до Клиничкиот Центар во Скопје само за да дознаат дека нема да ја добијат потребната терапија и соодветната грижа!“ - обинуваат од Левица.

Од оваа партија наведуваат:

„Недостатокот на медицински сестри и организираност предизвикува дополнителни трошоци за овие луѓе кои веќе се соочуваат со тешки финансиски и здравствени предизвици.

Ова не е првпат Онкологија да биде центар на скандали. Се сеќаваме на шокантните настани кога цитостатската терапија беше крадена и продавана во Косово. Таквите криминални дејства и невнимание кон пациентите ја рушат довербата во здравствениот систем. 

Од непозната причина, покрај сите скандали со перење пари преку тендери на јавните здравствени установи, скандалот со цитостатиците кои се шверцувале во Косово и недостаток на медицински кадар, сепак, ресорот - здравство повторно припадна на Алијанса на Албанците, која во претходната влада беше во коалиција со СДСМ, а во новата влада е во коалиција со ДПМНЕ.

Здравствениот систем мора да им служи на граѓаните, а не обратно! Ова се примери за крајна неорганизираност и невнимание кон пациентите, па здравството со години служи само за политички пазар.“ - стои во соопштението од оваа партија.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ: Бараат да го признаеме Косово, ние не сме заинтересирани

ВУЧИЌ: Бараат да го признаеме Косово, ние не сме заинтересирани

РИКЕР: Потрошивме многу време фокусирајќи се на Балканот

РИКЕР: Потрошивме многу време фокусирајќи се на Балканот

ХОРОР ВО ХРВАТСКА - во семеен двор пронајдени телата на две новороденчиња

ХОРОР ВО ХРВАТСКА - во семеен двор пронајдени телата на две новороденчиња

ВУЧИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО НОВИ САД: Во Србија нема да има македонско сценарио

ВУЧИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО НОВИ САД: Во Србија нема да има македонско сценарио

ПОВРЕДА НА ДЕСНОТО ОКО СО ГУБЕЊЕ НА ВИДОТ И ИЗГОРЕНИЦИ ПО ЛИЦЕТО - 14-годишно момче од Загреб со тешки повреди од петарда

ПОВРЕДА НА ДЕСНОТО ОКО СО ГУБЕЊЕ НА ВИДОТ И ИЗГОРЕНИЦИ ПО ЛИЦЕТО - 14-годишно момче од Загреб со тешки повреди од петарда

ВУЛИН: Само српскиот свет е бариера за „Голема Албанија“

ВУЛИН: Само српскиот свет е бариера за „Голема Албанија“

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ, УРНАТИ МОСТОВИ: Се судрија и два брода во Грција

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ, УРНАТИ МОСТОВИ: Се судрија и два брода во Грција

МАЖ ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА: Уште една жртва на невремето во Грција

МАЖ ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА: Уште една жртва на невремето во Грција

БОСАНСКИОТ БУРЕК СЕГА СЕ ПРОДАВА ВО НАЈГОЛЕМИОТ СИНЏИР НА МАРКЕТИ ВО СВЕТОТ: „Ти благодариме Един за партнерството“

БОСАНСКИОТ БУРЕК СЕГА СЕ ПРОДАВА ВО НАЈГОЛЕМИОТ СИНЏИР НА МАРКЕТИ ВО СВЕТОТ: „Ти благодариме Един за партнерството“