Левица: Власта сака да им ја зголеми платата на административците за 170 евра
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2022 20:29
Левица денеска излезе со реакција дека власта со новиот предлог – Закон за административни службеници предлага линеарно покачување на платите на административните службеници, кои работат во Министерство или Секретаријат, за околу 170 евра нето плата по вработен.
„Со овој предлог закон (со сегашната вредност на бод), власта во најголемата економска криза, ќе треба да обезбеди за административците во министерствата и секретаријатите дополнителни минимум 50 милиони евра годишно во буџетот, за исплата на повисоки нето плати, придонеси и данок на личен доход“, соопштија од Левица.
Ова за Левица претставува оптоварување за државниот буџет, каде јавниот долг ја надминал критичната линија од 60 отсто од БДП.
„Наместо соодветни редистрибутивни мерки од најбогатиот слој кон загрозените групи граѓани, оваа криминална Влада без визија, стратегија и компетентност единствено нуди изговори за “увезена криза”, додека секојдневно ги зголемува непродуктивните трошења за лукративни цели.
Средствата кои треба да се обезбедат ќе паднат на товар на осиромашениот работник и со тоа Владата, место да воведе антикризни мерки, ќе ја продлабочи економската криза, која веќе е излезена од контрола“, реагира партијата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




