ЛЕЖАЛКА, ЧАДОР, КАФЕ И КРОФНА: Луѓето во шок од цените во Грција
Објавено во: Балкан 04 Јуни, 2024
Од година во година Грција станува се попопуларна за туристите посебно од Македонија и Србија кога се во прашање одморите, а една од многуте причини е достапноста на основните цени на храната.
Грција годинава очекува рекордна бројка од 35 милиони туристи од целиот свет, а меѓу нив најбројни ќе бидат Србите.
Во популарната група „Грчка инфо“ една жена објави фотографии на кои се гледаат цените на овошјето, зеленчукот и лежалките во популарниот туристички град Неи Пори.
Понудата за лежалки особено ги воодушеви членовите на оваа група, имено, за само 4 евра добивате лежалка, чадор, познатото грчко кафе и вода или крофна. Исто така, цените на овошјето и зеленчукот изненадија многумина, на пр. цената за килограм домати е 0,89 евра, корпа со дињи 1,90 евра, а грозјето 6,50 евра
Објавата предизвика лавина главно позитивни коментари: „Ова го нема ни во Белград“, „Цените се одлични“, „Преевтини за Грција“, „Луѓе мои, ова е многу поевтино од овде“ итн.
Еуправозато* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.