ЛИЧНИОТ ГОТВАЧ НА ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА - Кобајаши кажува кој е основниот концепт на здравите Јапонци
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2022 12:03
Неговите специјалитети ги пробале туристи од многу земји, додека крстарел со брод низ светот. Сепак, од сите кујни, најмногу ја сака својата, јапонската, и вели дека е до толку специфична што не може да ја спореди со ниту една друга. Атуши Кобајаши е професионален јапонски готвач кој во Македонија е дојден како личен готвач на јапонскиот амбасадор Хиронори Савада. Кобајаши ни подготви вкусен лосос со ориз и поховани стапчиња од лосос со традиционален јапонски сос во хотелот „Парк“ каде што најчесто готви за амбасадорот и за гостите. Задоволен од нашите реакции за неговата умешност во кујната, Кобајаши беше расположен за муабет за специјалитетите со кои многу се гордее.
* Некои луѓе од рана возраст сонуваат и знаат дека ќе станат доктори, професори, актери, готвачи. Кога вие знаевте дека готвењето ќе стане вашиот професионален пат?
- Точно како и луѓето кои ги споменавте, и јас цел живот сонував да станам готвач. Таа желба најпрво ми се роди на мои 10-11 години.
- Како готвач на јапонската амбасада јас работев и претходно во други земји, а овде сум дојден како личен готвач на јапонскиот амбасадор.
* Од кој дел на Јапонија доаѓате, каде сте роден? Можете ли да ни кажете повеќе за вашиот град?
-Јас сум од префектурата Нагано. Роден сум во Уеда Сити. Живеам во Томи Сити.
* Како се запознавте со Амбасадорот?
- Регистриран сум во Меѓународната асоцијација за угостителство и конференциски услуги како официјален готвач за престој. Во април 2021 година, по завршувањето на мојот мандат како официјален готвач во резиденцијата во Амбасадата на Јапонија во Казахстан, се запознав со амбасадорот Савада, од Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија.

* Која е омилената храна на амбасадорот? Дали сака да експериментира со храна или претпочита веќе познати вкусови?
* Кој рецепт на вас ви е омилен за подготовка?
-Со исклучок на официјалните вечери, обично планирам менија за ручек главно со јадења од месо и менија за вечера главно со јадења од риба.
* Кои се главните состојки во јапонската традиционална кујна, дали е тоа многу риба и ориз?
- Мислам дека варира од регион до регион низ цела Јапонија. Оризот е основна храна во цела Јапонија, но има разлика помеѓу крајбрежните и планинските области и помеѓу урбаните и руралните области.
Сепак, она што може да се види во Јапонија како целина е важноста што им се дава на сезонските состојки. Пролетните производи се достапни на пролет, летните производи на лето, и широк спектар на сезонски производи ја красат трпезариската маса.
Повеќе детали на Женски магазинМожеби ќе ве интересира
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците




