29 Септември, 2024
0.0356

Лидери сме по младинска невработеност – колку е тешко да се најде работа?

Објавено во: Економија 03 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Македонија е прва во Европа по бројот на млади луѓе кои се без работа. 

Нашата земја е прва на листата со земји во Европа каде млади луѓе на возраст од 20 до 34 години се невработени, а не се ни дел од некој образовен процес или обука. Ова се податоците на Евростат за 2018 година. Во Македонија оваа категорија опфаќа дури 36,3 отсто, што е повеќе од двојно од просекот на Европската Унија (16,5%). 

Но, невработеноста е само еден проблем на младите во нашата земја. Од вкупната стапка на невработеност, 46 проценти се млади на возраст од 15 до 29 години.

„Вкупно 99 проценти од младите сакаат да работат, но само 18 проценти или помалку од една петтина, заработуваат свои пари преку работа.  Воедно, тешкотиите на младите треба брзо да преминат од училиште кон работа што главно се должи на јазот кој се јавува на личните вештини што ги поседуваат и оние кои што се бараат на работното место. Покрај вработувањето, тие сакаат да бидат вклучени и во процесите на одлучување, да има плурализам во младинските одлуки со нивно директно учество и за нивни интерес. Властите на државно и на локално ниво мора да иницираат младинска безбедност за нивно вклучување во пазарот на труд преку активни мерки и зголемен буџет за обезбедување на младински политики за вработување. Како здружение Достоинствен Работник потенцираме дека практиканството е добра мерка каде преку неа може да се вработат кај познат работодавач. Со поголемо учество од страна на Владата која ќе обезбеди грантови или субвенции за практиканство, каде компаниите ќе им овозможи на нововработените млади лица да поминат најмалку три месеци на три различни работни места во рамките на компанијата поврзани со вештините што ги поседува, а потоа да се даде предлог за негово вработување“, вели Рубинчо Аризанкоски, секретар во Здружение Достоинствен Работник Прилеп.

Тој смета дека мора да се работи на унапредувањето на социјалниот дијалог за подобар и соодветен Закон за работни односи и донесување на Закон за младинско учество каде ќе им се овозможи на младите сами да донесат одлуки за прашања што ги засегаат.

Според податоци на Државниот завод за статистика, висока невработеност има кај населението од 15 до 24 години, но и од 25 до 49 години.

Во иста група со Македонија се Турција, Србија и Црна Гора. Сепак од овие четири земји Србија е најдобра и има околу 24% граѓани кои спаѓаат во оваа категорија. Од Балканот Словенија по бројот на млади кои се без работа, се приближува на Германија, со 11%. Хрватска има 18.%%, а Грција 26% млади кои се неактивни.

Еден од шест луѓе (16,5%) на возраст од 20 до 34 години ниту бил вработен ниту бил во образовен или процес на обука во ЕУ во 2018 година. Тоа се околу 15 милиони млади луѓе.

Најмалку млади невработени млади има во Шведска (8%), потоа следи Холандија (8,4%), Луксембург (9,9%) и Малта (10,1%).

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија