08 Октомври, 2024
0.0275

Лидерот на Хезболах: Ќе престанеме со нападите врз Израел само кога ќе престане израелската агресија во Газа

Објавено во: Свет 13 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Либанското проиранско движење Хезболах ќе престане да го напаѓа Израел само кога ќе има прекин на огнот во Појасот Газа каде Израел се бори против палестинското движење Хамас - изјави лидерот на Хезболах Хасан Насрала.

„Кога ќе престане агресијата во Газа и ќе дојде до прекин на огнот, ќе престанат и нападите од југот на Либан против Израел“, рече Насрала, додавајќи дека ќе одговори доколку Израел го прошири конфликтот.

Насралах одговори на повеќекратните закани од страна на израелските власти дека ќе војува против Либан.

Од почетокот на нападот на Хамас во Израел на 7 октомври, кој ја предизвика војната во Појасот Газа, Хезболах ги гаѓаше израелските воени позиции на границата како поддршка на палестинското исламистичко движење Хамас, негов сојузник.

Израел често го бомбардира јужен Либан и извршува целни напади против претставници на Хезболах.

Насилството расели десетици илјади луѓе од двете страни на границата.

Насрала предупреди дека доколку Израел испровоцира војна против Либан, раселените од северот на Израел „нема да се вратат“ и дека во тој случај израелските власти треба „да подготват засолништа, хотели, училишта и шатори за два милиони раселени од северот“. на Израел.

Лидерот на Хезболах ги критикуваше и странските посредници кои се обидуваат да го смират конфликтот бидејќи, како што рече, „сите делегации што дојдоа во Либан во последните четири месеци имаа една цел - да го заштитат Израел“.

Франција има план кој, според дипломатски извори, предвидува прекин на нападите од двете страни на границата и повлекување на борците на Хезболах на 10 до 12 километри северно.

Лидерот на Хезболах рече дека „никој не мисли дека може да ни наметне услови“.

За повеќе од четири месеци, 243 лица, меѓу кои 175 борци на Хезболах и 30 цивили, биле убиени во јужен Либан, во близина на границата со Израел, според АФП, а 15 лица биле убиени на израелска страна, според израелската армија.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен