17 Декември, 2025
0.0431

Им подава ли некој рака на лицата со оштетен слух кои бараат работа?

Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2019 06:47

Добивај вести на Viber

Во Македонија глувите и наглуви лица имаат потешкотии при наоѓање на работа, и доколку се вработат тоа обично е во приватниот сектор.

Во јавниот сектор шансите за вработување на лицата со оштетен слух се многу помали од повеќе причини. Од Здружението на глуви и наглуви лица на Град Скопје велат дека вработувања има, но како обични работници.

„Ги вработуваат во печатници, како обични работници, во фабрики за чорапи, на некои пониски позиции. Имаме еден или двајца членови со завршен факултет, но и нив им  е тешко за пронаоѓање на подобра работа, а бројката на наши членови е над 800“, вели Лилјана Илиевска од Здружението на глуви и наглуви на Град Скопје.

Од Здружението на глуви и наглуви од Куманово каде имаат 50 активни членови, објаснуваат дека луѓето со оштетен слух од овој град работат во приватен сектор, во магацини, како хигиеничарки, курири.

„Тешко оди вработувањето на оваа категорија на луѓе, а се трудиме и во локалните институции да вработиме некој од нив. Луѓето обично работат физичка работа, и не можат да напредуваат со плата, им треба покачување кое ќе ги мотивира“, вели Деко Марков, секретар во Здружението на глуви и наглуви од Куманово.

Од Здружението на глуви и наглуви во Струга, велат дека имаат 70 членови, од кои 30 се активни и редовно доаѓаат во просториите на здружението, при што повеќето се вработени.

Некои се вработени во фабрики, во маркет, некои имаат свој бизнис. Имаме едно девојче кое работи во фабрика во Охрид. Ние немаме членови со завршен факултет, повеќето се со средно образование, но повеќето немаат финансии и тоа е пречка да го продолжат образованието“, раскажува Александра Лазаревска, секретар во Здружението на глуви и наглуви од Струга.

Од компанијата Алфи Би од Куманово која вработува лица со оштетен слух, велат дека имаат неколку вработени, но ќе реализираат и нови вработувања за салонот во Скопје кој ќе го отворат. За овие вработувања државата дава поволности. Оваа компанија е позната во јавноста по фактот дека вработува лица со попреченост. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски