Листа на земји во кои е најдобро да се родите!
Објавено во: Мои пари 06 Јули, 2014 19:01
Најубаво да бидеш мајка и да се родиш е во Финска, а најлошо во Хонг Конг. Пред нас од земјите во регионот се Хрватска, Словенија, Грција, Италија, додека Македонија, Црна Гора и БиХ се наоѓаат под Србија.
Организацијата “Save the children” објави извештај и листа на земји во кои е најдобро да се родите, а Македонија се најде на 40-то место од вкупно 131 земја на листата.
Според овој извештај најдобро да се биде мајка и „да се дојде на свет“ е во Финска, а најлошо во Хонг Конг. Извештајот е правен врз основа на животните услови на мајка и деца, стапката на смртност на новороденчиња, политичко-економски услови во земите и бројни други карактеристики кои ги одбележуваат условите за одгледување на деца.
Пред нас од земјите во регионот и пошироко се Хрватска, Словенија, Србија, Грција и Италија, под нас се Црна Гора, Бих, Бугарија, Малта и други.
Врвот на листата го завземаат претежно најбогатите земји од ЕУ и Западна Европа, додека последните места на листата се резервирани за најсиромашните африкански земји.
Извештајот е правен по поводот Денот на мајката, кој се слави ширум светот и го симболизира празникот на мајката и мајчинството.
-Секоја година, скоро 3 милиони бебиња умираат во првите месеци од животот, повеќето од причини кои не можат да се спречат. Повеќе од третина од овие бебиња умираат во првиот ден од животот. Овој извештај покажува кои земји најдобро и најлошо се грижат за мајките и новороденчињата. Исто така, се испитува и јачината на здравствениот систем, обуката и подготовката на здравствените работници. Во повеќе земји може да се спречи смртноста на три од четири новороденчиња - се вели во извештајот на оваа организација.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“





