ЛОГА ДО АПАСИЕВ: Неофашистот слави победа над неговиот Тито
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2023
Денеска неофашистот Апасиев, слави победа над неговиот Тито, коментира министерот за правда, Кренар Лога за Левица.
„Наместо да се гордее дека е Македонец, тој се задоволува што во лична карта му пишува македонско/граѓанин на РСМ“, пишува Лога на социјалните мрежи.
Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев претходно објави дека Уставниот суд ја прифатил Иницијативата на Левица против етничка припадност во изводите.
„Алелуја, еднаш да пресудат против етно-трибализмот кој ни ја разјадува Републиката! Кренар Лога на апарати!“, пишува Апасиев.
Уставниот суд одлучи да поведе постапка по делови од три члена од Законот за матична евиденција во кој е содржан зборот националност, во изводите за родени, за венчани и за умрени лица. Судот, исто така, донел времена мерка и од денеска, додека не се донесе конечна одлука службите не смеат од граѓаните да бараат податоци за впишување на националност во изводите за родени, венчани и умрени лица.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.