„Лошите реформи не се маскираат“ – средношколците на протест!
Објавено во: Македонија 01 Април, 2015
Илјадници средношколци од различни училишта излегоа низ улиците ширум Скопје .
Како што е познато тие маршираат против новите реформи во средното образование кои се однесуваат на државната матура.
Со симболична поворка , блокирана улица кај Собрание и транспаренти во раце на кои пишува „Нема да не маскирате во експериментални глувци“, „Почивај во мир средно образование“, „Секоја чест за воведените реформи на МОН априлилили“, „Доста беше молк“ , „Аргументите се на наша страна а не партиите“, „Ќе паднам матура заедно со системот“, „Стоп за лошите реформи“, „Лошите реформи не се маскираат“ протестот започнува пред Собрание од каде средношколците ќе продолжат кон Влада и Министерството за образование.
Нивните барања се враќање на стариот концепт за полагање државна матура за сите, без разлика дали станува збор за природно-математичките или за општествено-хуманистичките насоки, како и ставање во мирување на екстерното тестирање.
Иако вчера непосредно пред денешниот протест средношколците ги дочека веста дека зад затворени врати новоформираната Средношколска платформа на унија на средношколци на Македонија, на средба со надлежните од Министерството за образование и наука паднал договор во врска со полагањето на државната матура.
На оваа одлука шокирано тие реагираат дека Унијата на средношколци на Македонија има неактивен статус од 2013 година и е чудно како успеала само за 2 дена да издејствува средба со Раководството на МОН, потенцирајќи дека нивниот пленум е сосема поразличен од оваа унија и дека испратиле две барања од кои едното се однесува за враќање на стариот концепт за полагање на државна матура, за сите подрачја, а во второто барање побарале екстерното тестирање да се стави во мирување.
За денеска подршка на скопските средношколци им најавија нивните соученици од Куманово, а протести се закажани и во Тетово и Прилеп. Денешниот втор протестен марш доби подршка од Студентскиот пленум кој ги охрабрува средношколците да ги евидентираат и надминат сите видови притисоци и етикетирања и да дојдат во што поголем број бидејќи сметаат дека на страна на средношколците се аргументите, а на другата страна се силата и притисокот.