ЛУЃЕ ЗАВРШУВААТ НА ЛЕКАР СО ГОЛЕМИ ОТОЦИ ПО УБОДИ ОД КОМАРЦИТЕ: Страв и од Оропуче, новиот опасен вирус од заразени мушички, нема специфични лекови
Објавено во: Македонија 13 Август, 2024
Климатските
промени, екстремно топлите лета носат огромни ризици по здравјето на луѓето и
не станува збор само за кардиолошки проблеми, хипертензија, цревни инфекции,
туку и опасни вируси кои ги пренесуваат комарците и заразени мушички. Во текот
на ова лето, не е занемарлив бројот на луѓето кои побарале лекарска помош
поради убоди од комарци.
-Секогаш сум имала проблем со комарците, едноставно сум „магнет“ за овие инсекти. Претходно многу се плашев од убод од оси и од пчели зошто знам дека сум алергична, но сега огромни отоци ми настануваат и по убоди од комарците. Во текот на јули завршив на лекар со огромни црвени кругови во пределот на рацете, нозете, па и на грбот, бидејќи боцкаат и преку облека. Веднаш ми беше препишана антихистаминска терапија, таблети и маст. Секаква заштита имам пробано, на аутан веќе не реагираат, па се обидувам и со други спрејови, но откако ќе помине дејството, повторно е исто. Ова почнува сериозно да ме загрижува, особено поради фактот што комарците носат големи зарази, а сега читав и за новиот опасен вирус кои веќе го има во Европа откако туристи од Италија, Шпанија и Германија патувале во Куба и во Бразил, загрижено вели Гордана В. од Скопје.
Европскиот Центар за превенција и контрола на болестите во петокот брифираше со соопштение за заканата од вирусот Опоруче, за кој, како што наведува го пренесуваат заразени мушички и заразени комарци.
-Во јуни и јули 2024 година, 19 увезени случаи на заболување од вирусот Оропуче беа пријавени за прв пат во земјите на ЕУ: Шпанија (12), Италија (5) и Германија (2). Осумнаесет од случаите имале историја на патување во Куба и еден во Бразил. Oropouche вирусната болест е зоонотична болест предизвикана од вирусот Oropouche (OROV). До денес, епидемии на OROV болест се пријавени во неколку земји низ Јужна Америка, Централна Америка и Карибите. Во текот на 2024 година, забележани се епидемии во Бразил, Боливија, Колумбија, Перу и од неодамна во Куба. Вирусот Oropouche главно се пренесува на луѓето како резултат на каснување од заразени мушички, но некои видови комарци исто така можат да го шират вирусот. Главниот вектор (Culicoides paraensis midge) е широко распространет низ Америка, но отсутен во Европа, се наведува во информацијата на Европскиот Центар за превенција и контрола на болестите.
Бразил кон крајот на јули ги пријави првите смртни случаи од вирусот. Станува збор за млади луѓе на 21 и 24 годишна возраст кои страдале од интензивни болки во стомакот, крвавење и хипотензија пред да починат на 25 јули.
Од Европскиот Центар за превенција и конторла на болестите велат дека вакцини против овој вирус не постојат и даваат препораки пред да се патува во некоја од земјите каде има епидемија на Оропуче.
-Оропуче вирусната болест може да се манифестира како акутна фебрилна болест со главоболка, гадење, повраќање, болки во мускулите и зглобовите, а понекогаш и потешки симптоми. Прогнозата за закрепнување е добра, а фаталните исходи се исклучително ретки. Не постојат вакцини за спречување или специфични лекови за лекување на болеста ОРОВ. Директен, хоризонтален пренос на вирусот од човек на човек досега не е документиран. Неодамна, бразилското Министерство за здравство објави шест можни случаи на болеста ОРОВ кои се пренесуваат од мајка на дете за време на бременоста. Потенцијалниот ризик за време на бременоста и фетопатските ефекти од ОРОВ инфекцијата се уште се под истрага и не се потврдени.
Препораки
Мерките за лична заштита за намалување на ризикот од каснувања во епидемиските подрачја вклучуваат употреба на репеленти во согласност со упатствата наведени на етикетата на производот, носење кошули со долги ракави и долги панталони и употреба на мрежи против комарци третирани со инсектициди со фини мрежи при одмор. Овие мерки се од суштинско значење за да се обезбеди заштита од каснувања во простории кои не се соодветно заштитувани (со ситна мрежа на вратите и прозорците) или климатизирани, како и за време на активности на отворено, наведуваат оттаму.
Инаку, како што соопштуваат, симптомите на болеста ОРОВ може да бидат слични на другите арбовирусни инфекции, како што се денга, чикунгуња или зика. Раното откривање на случаи поврзани со патување може да се подобри со зголемена свест кај здравствените работници за патниците кои се враќаат од области со активен пренос на OROV. Лабораториско тестирање за OROV треба да се изврши кога другите тестови за болести со вообичаена етиологија (на пр. денга, чикунгуња или зика) се негативни. Дополнително, клиниките за патничка медицина треба да ги информираат патниците во епидемиските области за ризиците поврзани со болеста и за заштитните мерки кои можат да ја намалат веројатноста за инфекција. Дополнително, јавно-здравствените власти треба да пријават нови случаи на инфекција со ОРОВ преку Епипулс за да се овозможи континуирана проценка на состојбата.
Анита Буховски
фото: Unsplash* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.