„ЛУЃЕТО ИМ СЕ НА ПОСЛЕДНО МЕСТО“: Филипче вели дека владата влегува „од скандал во скандал“
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2025 12:18
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска се обрати на конференцијата организирана од Институтот Прогрес, каде што упати сериозна критика до актуелната влада и ја опиша моменталната состојба како опасна по економската и институционалната стабилност на државата.
Во своето излагање, Филипче рече:
„Изминатата година и пол држава ја води тотално неспособна и недемократска власт, која што можам слободно да кажам, дека државата ја води кон државен и економски крах.“ – рече Филипче.
Тој предупреди на целосен застој во развојот на земјата, постојани скандали и растечки долгови.
„Од скандал во скандал, од задолжување во задолжување, никаков прогрес, никаков развој на земјата во ниту еден сектор. Огромни кредити, од сомнително потекло, земени на нетранспарентен начин, 7 милијарди евра задолженост, која што држава не ја видела од 1991 година, од својата самостојност“, рече Филипче.
Посебен акцент беше ставен и на кризата во безбедносниот систем, каде што, како што рече, довербата во институциите е сериозно нарушена.
„Скандали во сферата на безбедност, како во Агенцијата за национална безбедност, со фалсификувани дипломи, секојдневни убиства, запалени возила во Скопје, небезбедни улици. Ова е секојдневниот кое го живееме со ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.
Според него, стагнација има и во образованието, здравството и стандардот на граѓаните, со што се урива основата на секое функционално општество.
„Ништо не се случува ниту во образованието, децата немаат учебници, наставниците, за жал, повеќе не се ни надеваат дека имаат поголеми плати. Работниците не можат да врзат крај со крај, на сите апели да се зголеми минималната просечна плата, ова влада нема слух. Не ги контролираат цените во маркетите бидејќи се партнер на големите компании во секоја сфера“, рече Филипче.
При тоа, тој оцени дека актуелната власт нема никакво чувство за одговорност и дека граѓаните се заборавени и оставени сами на себе.
„Луѓето се на последно место, за жал, на оваа влада. Ништо не се случува ни во здравството. Луѓето веќе не гледаат шанса дека нешто ќе се подобри.“
Во заклучокот, Филипче порача дека СДСМ ќе продолжи да зборува гласно за овие проблеми и ќе понуди конкретни решенија за излез од оваа сериозна институционална и економска криза.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




