ЛУКАШЕНКО: Ако Полјаците ја нападнат Украина, ние ќе ги поддржиме Украинците
Објавено во: Свет 04 Октомври, 2024
Белорускиот претседател Александар Лукашенко тврди дека Полска има претензии кон Украина и дека ако Полска изврши инвазија на Украина, тој ќе ги заштити Украинците.
„Ако Полска изврши инвазија на Украина, Белорусија ќе ги поддржи Украинците“, рече Лукашенко за време на неговата средба со жителите на градот Парохонск на 4 октомври.
Лукашенко изјави дека Полска има свои интереси во Украина. Ова според него се манифестира во односот на полските елити кон Украина. Главното прашање меѓу земјите во моментов е масакрот во Волин – масовното убивање на Полјаци за време на Втората светска војна.
„Многу работи се случија за време на војната… Украинците го запалија Катин во нашата земја. Беше кошмар тоа што го направија во регионот Припјат по наредба на фашистите. Дали ќе го вадиме минатото целиот наш живот?“, реторички праша претседателот.
Според него, тврдењата на Полска се засноваат на желбата за заземање на западниот дел на Украина.
„И западна Белорусија и западна Украина. Тие сакаат да доминираат таму. Ова за нас е неприфатливо. Ако Полјаците ја нападнат Украина и се обидат да ја заземат нејзината западна територија, ние ќе ги поддржиме Украинците. Сфаќаме дека ќе бидеме следниот“, рече Лукашенко.
Сепак, Полска многу помогна на Украина од самиот почеток на руската инвазија. Донираше оружје, а прими и голем број бегалци.„Полска ќе го блокира пристапот на Украина во Европската унија додека Киев не го реши прашањето за ексхумирање на жртвите од масакрот во Волин, што беше спорно прашање меѓу двете земји“, изјави во четвртокот министерот за одбрана Владислав Косињак-Камиш.
Во средата, Украинскиот институт за национално сеќавање ги објави плановите да дозволи теренско истражување во 2025 година за масакрот во Волин во западниот регион Ривне, мрачна епизода на масакри од украинските националисти за време на Втората светска војна.
Полска ја пофали одлуката на Украина да го отвори патот за ексхумација на некои жртви од масакрите од Втората светска војна, откако спорот околу ова прашање ги влоши односите меѓу соседите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.