16 Декември, 2025
0.0414

„Лукоил Македонија“: Работиме нормално, се консултираме со адвокатски компании

Објавено во: Економија 24 Октомври, 2025 14:34

Добивај вести на Viber

„Лукоил Македонија“ во одговор испратен до „Фактор“ вели дека компанијата работи тековно без пречки во увозот и во малопродажбата на горивата, по санкциите наметнати од САД.

Оваа компанија е трет најголем увозник на нафтени деривати во Македонија,по ОКТА и СУпертрејд,и ја има втората најголема малопродажна мрежа преку бензински станици по Макпетрол.

САД воведе санкции над двете големи руски енергетски компании - „Роснефт“, и „Лукоил“, а од управата во Скопје велат дека во моментов единствено течат консултации со најголемите адвокатски компании, а дека се друго се одвива рутински.

„Во врска со актуелните случувања кои се однесуваат на санкциите воведени од страна на Велика Британија и Соединетите Американски Држави на компанијата „ЛУКОИЛ“, друштвото ЛУКОИЛ Македонија  ДООЕЛ Скопје, информира,  дека работи нормално и вообичаено. Сета деловна комуникација, набавката, превозот и плаќањето на стоките во големопродажбата и малопродажбата се одвиваат на вообичаен начин, без никакви ограничувања.

За содржината, обемот и последиците на санкциите, се прибираат правни мислења од реномирани адвокатски компании. ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје останува посветена на почитување на законитоста и сите релевантни национални и меѓународни прописи кои се применуваат на нашата дејност и на отвореноста во односите со нашите деловни партнери. Нашето Друштво, со значајно залагање на раководството и своите вработени, ќе продолжи да работи посветено со цел да ги надмине сите евентуални потешкотии“,велат од „Лукоил Македонија“.

Во меѓувреме Бугарија има еден месец да реши што ќе прави со рафинеријата „Лукоил Нефточим“ во Бургас, по изјавата на бугарскиот премиер Росен Жељазков. „Лукоил Нефточим“, најголемата рафинерија во Југоисточна Европа, е клучен стратешки објект и игра важна улога во енергетскиот систем на Бугарија, поради што американските санкции за „Лукоил“ покренаа политичка дебата во земјата.

- Рафинеријата во Бургас е дел од системот ‘Лукоил Русија‘, кој поседува повеќе од 50 проценти од рускиот ‘Лукоил‘, па затоа рафинеријата подлежи на овие санкции, рече Жељазков.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи