Мадуро тврди дека имаат лек кој ја уништува короната
Објавено во: Свет, Корона Вирус 26 Октомври, 2020
Имаме лек кој ја уништува короната, а нема нуспојави, вели претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Тој тврди дека венецуелските научници развиле лек за коронавирусот кој 100 отсто ја уништува болеста и нема нуспојави.
Додава дека студијата траеше шест месеци и резултатите покажале дека стоотстотно го уништува ковид-19 вирусот, без токсични ефекти врз здравите молекули.
Тој во постот на Твитер наведе дека во срцето на „лекот кој го уништува ковид-19“ е молекулата ДР10 „која се користи за лекување на хепатит Ц, човечкиот папиломавирус и еболата“.
Мадуро додаде дека во следните денови Венецуела на Светската здравствена организација (СЗО) ќе ѝ ги проследи резултатите на тестирањата кои се спроведени во венецуелскиот Институт за научни истражувања.
Тој претходно кажа дека во Венецуела ќе пристигнат илјадници дози од рускиот лек авифавир кој се користи во лекувањето на коронавирусот и дека лекот ќе биде бесплатен за граѓаните.
Во Венецуела 773 луѓе починаа, а вирусот е потврден кај 89,565 луѓе.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.