15 Декември, 2025
0.0358

МАКЕДОНЦИ ПРЕЖИВЕАЛЕ ХОРОР ЗАРАДИ АВИОН НА ВИЗЕР: Девет часа биле заглавени на софискиот аеродром без храна и вода, на некои им се слошило! Еве ги деталите

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2023 07:39

Добивај вести на Viber

Скопјанката Јулија Илијевска, неодамна патувала со авион на Визер, кој заради некаков проблем морал да слета принудно на аеродромот во Софија.
„ Не така кратка хорор приказна со Визер 

Си дојдов на себе малку, па да споделам како НЕ ТРЕБА да се грижиш за корисниците на услуги.

Завчера поради технички проблем со авионот на WizzAir принудно слетавме во Софија, базата им била таму, сервисот...

Во авионот пилотот ни вели дека постојат две опции - да не префрлат во друг авион, ако има слободен или помалку посакуваната варијанта - да се вратиме со автобус.

Секако, се случува помалку посакуваната варијанта и од WizzAir ни велат дека веднаш ни е обезбеден превоз за назад и за се' друго ќе не' упатат од аеродромот.

И дотука е се ок, бидејќи сме безбедни и ние уредно околу полноќ си седнуваме во чекалната на аеродромот, да добиеме некакво инфо.

Е тука сега настануваат проблемите:

На софискиот аеродром се запознаени со тоа дека сме присутни, но немаат никакво инфо.

-Првото стигнува околу 2.30 дека АКО има автобуси, ќе пристигнат околу 3 ч.

-Во 3ч ни велат во 3.30ч.

-Во 3.30ч сфаќаме дека ги нема и следното инфо е дека ќе дојдат за околу 2-2.5 часа, поминале автобусите граница. Тамошните вработени зборуваат со шоферите дека на пат се 3 автобуси (иако ни беше речено дека ќе се 4, бидејќи сме околу 180 патници).

-Во 5 ни велат ги нема, ќе дојдат во 7-7.30ч.

Тука веќе почнува сериозно да расте нашето нетрпение. Меѓу патниците има мајки со бебиња и мали деца. Едната кажува дека веќе нема млеко за бебето.

На друга мајка и се слошува и ја пренесуваат со количка да и се укаже прва помош.

Дел од патниците немаат веќе пари ни вода да си купат.

На мејл ни стасува известување од WizzAir дека дололку повеќе од 3 часа доцниме за пристигнувањето дома, ни следува сендвич, вода, 2 телефонски повика, фскс итн, што им е во официјалните информации. Секако дека нешто такво немше.

Доаѓа 7.30, автобуси нема. Не знаат ни дали има - сосема нов момент.

Дел од патниците се веќе разотидени, секој според можностите.

Претставник од WizzAir нема.

Не можеш ни да ги добиеш.

Не можат ни Бугарите, бидејќи WizzAir во нивната база за Балканот немаат претставник. Фантастично.

Автобуси нема, но има промена на смената на граничната полиција на аеродромот, на која не и се допаѓа тоа што сме се' погласни, излажани, уморни и исфрустрирани.

Вработените велат дека од WizzAir немаат никакво инфо, супервизорите не можат да ги добијат.

Доаѓа речиси 9 часот, 9 часа сме заглавени на аеродром, оставени сами да се снаоѓаме.

Од граничната полиција ни велат дека не можат да добијат инфо дали 3 празни автобуси поминале граница. И додека патниците веќе во очај бараат начин да се вратат дома, одеднаш, здогледуваме македонски патнички автобус. После повеќе од 9 часа дојдоа, а ние бевме во Скопје 5 часа подоцна.

Коментарот: "Нискобуџетна компанија, тоа е", не го прифаќам. И како нискобуџетна треба да покаже грижа за патниците, кои секојдневно им ги полнат авионите. Нивните "веднаш" обезбедени автобуси едвај дојдоа. Ова беше под секое човечко достоинство, како и менаџментот на WizzAir. Не знам колку се чести ваквите ситуации, но навистина ниту една компанија не смее да си дозволи ваква негрижа!“, напиша таа на својот фејсбук профил.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење