17 Декември, 2025
0.0871

Македонците чекаат најкратко за германска виза во Западен Балкан

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2018 17:40

Добивај вести на Viber

Германската влада на прашање на пратениците во Бундестагот даде информација дека  е зголемен персоналот во амбасадите кои работат на обработка на барањата за визи. Амбасадата во Скопје добила двајца работници плус, додека во Приштина биле вработени плус три лица. Персоналот во Тирана, Подгорица и Белград останал на исто ниво, а во Сараево е вработено плус едно лице. 

Што се однесува до времето на чекање од барањето термин во амбасадите до денот кога се поднесува барањето за виза, најбавно оди во Приштина и Сараево, каде што се чека над една година. Во Белград се чека 7 месеци, во Тирана 6 месеци, а најкратко е времето на чекање во Скопје - 4 месеци.

Владата даде информација и колку контроли се спроведени кај работодавачите во врска со работните визи за лицата од Западен Балкан. Одговорот е дека откако бил даден позитивен одговор за работа, направена е контрола во 3.500 случаи и кај околу 200 има сомневање за прекршување на законот, или кривично дело. Во најголемиот дел од случаите има укажувања дека работодавачот не ги почитува работните услови наведени во постапката за виза (плата, работно време и други услови), или пак дека лицата добиле согласност за една работа, а извршувале друга. Отворените прекршочни, односно кривични постапки, се сѐ уште во тек.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски