Македонците застапени и во Советодавниот Oдбор во Берлин
Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2022 12:12
На крајот на мај година31 мај 2022 година, бил конституиран новиот oкружен Cоветодавен oдбор за учество и интеграција за изборниот период 2021-2026 година. Основата за неговата работа е особено став 19 од Законот за потпомагање за учество во миграциското општество на сојузната покраина Берлин, стои на веб страната.
Покрај претседателката, градоначалничката на берлинскиoт округ Фридрихсхајн-Кројцберг, Клара Херман (Партијата на зелените), во Управниот одбор беа избрани: Горан Николоски за Централниот совет на Македонците во Германија, Бахар Санли за Работничкотo заедништво Грефе – Киц, Угур Суруку за Алевитската заедница во Берлин, Тулај Уста за ХДБ – Прогресивно народно единство на Турција во Берлин.
Во април 2022 година, новите членови на oкружниот Cоветодавен oдбор за учество и интеграција беа избрани во процес на селекција во две фази. Овој Cоветодавен oдбор се состои од организации на мигранти и други непрофитни актери чие место на живеење, работа или сфера на активност ce во округoт Фридрихcхајн-Кројцберг и ја советува администрацијата за сите прашања поврзани со темите на учество, миграција и интеграција, политика за интеграција, различност и интеркултура како и промоција на демократијата и антидискриминација.
Членовите на Управниот одбор биле предложени и избрани од членовите на Cоветодавниот Oдбор за интеграција.
Советодавниот oдбор е посветен да обезбеди сите жители во областа да живеат заедно на еднаква основа, без разлика на етничкото потекло, полот, религијата, идеологијата, возраста, попреченоста или сексуалната ориентација. Советодавниот oдбор се залага за учество на сите граѓани со миграцискa историја во општинската и политичката работа.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




