29 Јуни, 2024
0.0499

МАКЕДОНЕЦ САКАЛ ДА ПРОШВЕРЦУВА ВО СРБИЈА ЗЛАТЕН НАКИТ ОД 160 ИЛЈАДИ ЕВРА - еве како Царината ја открила „пратката“

Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Во текот на вчерашниот ден, на граничен премин Блаце, во патничко моторно возило пријавено за излез од државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи при Царинска управа, спречија обид за криумчарење на 5 килограми златен накит, соопштија од Царината.

„Имено, на 8 февруари 2022 година, на излез од државата, на граничниот премин Блаце, во попладневните часови за царинска контрола се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски ознаки управувано од македонски државјанин. При вршење на детална контрола, од страна на мобилните тимови, биле забележани неправилности во пределот помеѓу двете предни седишта, односно шуплината над ауспухот била затворена. Во внатрешноста на возилото, во пределот помеѓу двете предни седишта, пронајден бил отворот на специјално изработениот бункер, во кој се наоѓале 10 пакети со златен накит во вредност од 9.604.430 денари и вкупна тежина од 5097,59 грама“, стои во соопштението од Царинската управа.

Златниот накит и патничкото моторно возило се привремено одземени, а пријавеното лице заедно со целокупната документација е предадено на Одделението за истраги во Сектор за контрола и истраги за понатамошно постапување, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ