Македонија и Бугарија на заедничко поклонение во чест на Св.Кирил
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2018 16:01
Премиерот Зоран Заев со делегација на владини претставници, како и претставници од Македонската православна црква и Римокатоличката Црква во Македонија, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Италија и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил“.
Заев и делегацијата ќе пристигнат во Базиликата „Свети Климент“ на молебен. Во оваа Базилика, македонската и бугарската владина делегација заедно ќе положат венци цвеќе на гробот на св.Кирил.
Македонската делегација ќе положи венци цвеќе и на споменикот св. Кирил и Методиј во Амбасадата на Бугарија, каде што ќе има и заеднички ручек на премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов.
Премиерот Заев утре ќе присуствува на Аудиенција кај папата Франциско, а потоа премиерот Заев ќе се сретне со државниот секретар на Светата Столица, кардинал Пјетро Паролин. Попладне, македонската и бугарската владина делегација ќе присуствуваат на отворање на заедничка културно - уметничка програма, организирана од министерствата за култура на двете земји.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




