22 Јануари, 2025
0.1462

МАКЕДОНИЈА ЈА ЗАФАТИ ТОПЛОТЕН БРАН: Каква храна треба да консумираме пред да одиме на плажа?

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Деновиве имаме температури до 40 степени и важно е да внимаваме каква храна внесуваме на овие жештини.

Нутриционистот Емилија Спасовска Мојсовска вели дека пред да одиме на плажа, добро е да се јаде лесна храна, но ако луѓето сепак консумирале оброк со месо, треба да водат сметка да поминат два часа до изложувањето на сонце покрај езеро или море. Советува дa не се мешаат различни групи на храна, на пример месо со компир, па потоа десерт, затоа што тоа го оптоварува дигестивнот систем. Важно е како што вели да има баланс.

„Ние треба да го поткрепиме организмот во текот на целата година, да внесуваме храна со протеини, јаглехидрати, масти, витамини и минерали. Тоа се однесува на  овошјето, зеленчукот, храна од животинско потекло и житариците. Многу е важно да имаме избалансирани оброци, особено во лето. Највеќе се става акцент на пиењето вода. Важно е да не дојде до дехидрирање. Доаѓа до губење на течности и онесвестување при дехидрирање. Овошјето и зеленчукот, тоа е индивидуално кој тип на овошје треба да се консумира, особено кај оние со покачена инсулинска резистенција. За групирањето на храната да се консултира нутриционист. Лимонот, портокалот, се освежителни и го поттикнуваат празнењето на цревата, но и со неколку капки за некого може да настапи проблем, ако има сензитивен желудник. Моја препорака е да се консумира овошје, растителна храна, салати, од 300 до 350 грама, рукола, марула, сезонски тип на овошје, особено во овој летен период е важно да внесуваме храна со бета каротен, антиоксиданси, да внесуваме храна која нам ни е потребна во летниот период, да ја одржиме клетката така како што треба, особено кога се изложуваме на сонце на плажа, Б витамините и тоа го имаме во овошјето кое има жолта, портокалова боја“, додава нутриционистот.

Вели дека дневно треба да пиеме од 8 до 10 чаши вода, но и со внесот на овошјето и зеленчукот, исто така внесуваме вода во организмот.  Додава дека водата е корисен елемент и не се заменува со ниту една друга течност.

„Не треба да ја изоставиме иако можеме да пиеме цедени сокови. Многу е важно да не се прејадуваме, месото, рибата, печурките, не треба да ги избегнуваме, но ако одиме на плажа да поминат барем два часа откако сме внеле таква храна. Ако јадеме храна од животинско потекло, добро е да немаме физичка активност, особено ако се изложуваме на сонце. Може да се пие смути од боровинки, лубеница, вода, нане, како утрински напиток или освежителен пијалок или доколку изборот е овошна салата, може да се вметне јогурт и јаткасти плодови. Тоа е индивидуално, но тоа е само една препорака. Житариците можат да бидат во солена или блага варијанта. Да имаме избалансирани три главни оборици, ужинки и овошја две до три, но тоа зависи од индивидуата“, додава нашата соговорничка.

Рече дека ова се генерални препораки. Најважно е да не се изгладнуваме, но и да не претеруваме со храна. Идната недела исто се очекуваат високи температури.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција