МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЗЕМЕ НОВ ЗАЕМ „ТЕЖОК“ 15 МИЛИОНИ ЕВРА – парите се за подобрување на образованието, еве кои се условите
Објавено во: Финансии 29 Август, 2025 07:45
Државата ќе земе нов кредит од Меѓународната банка за обнова и развој кој ќе биде наменет исклучиво за Министерството за образование, поточно за унапредување на основното образование.
- Македонија се задолжува кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка со заем во износ од 15.000.000 евра, наменет за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование– се наведува во Законот доставен во Собранието.
Во него е посочено дека со Договор за заем за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, кој ќе се склучи помеѓу Македонија и МБОР - Светска банка.
Притоа дефинирано е дека рокот за отплата на заемот е 12 години, со вклучен грејс период од три години. Каматната стапка е шестмесечен ЕУРИБОР со варијабилен распон.
- Заемот ќе се отплаќа на 18 полугодишни рати, од кои 17 полугодишни рати секоја во износ од 5,56 отсто од износот на заемот, додека последната, 18 рата, во износ од 5,48 проценти од износот на заемот. Заемот од овој закон ќе се отплаќа на 15 јуни и на 15 декември секоја година – се посочува во законското решение доставено до пратениците.
Предуслов за склучување на договорот е донесување на Закон за задолжување, согласно постапката за задолжување со склучување на Договор за заем утврдена во Законот за јавен долг, како и провизии за банката.
- Согласно прописите на Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка, Република Северна Македонија како заемопримач има обврска да ѝ плати на Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка еднократна провизија од 0,25 отсто од износот на заемот (Front-end-fee). Оваа провизија ќе биде платена еднократно од средствата на заемот. Македонија ќе ѝ плаќа на Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка провизија во висина од 0,25 проценти од неповлечениот дел од заемот на годишно ниво – се појаснува во законот.
По усвојување на Законот за задолжување од страна на Собранието и неговото објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“, предвидено е склучување на Договор за заем.
- Основната цел на проектот е подобрување на условите за учење во основното образование. Проектот ќе влијае на широка група на засегнати страни како што се наставници, ученици, родители, службени лица од локалната самоуправа, ранливи категории. Директните корисници на проектот ќе вклучуваат ученици од основно образование, но фокусот ќе биде ставен на ранливите категории на ученици. Овие категории на ученици се очекува да имаат корист од подобрените услови за учење во нивните училишта, како и од подобро обучените наставници. Наставниците за основно образование, директорите на училиштата и стручните соработници ќе имаат корист од поефикасен професионален и кариерен развој, наставните средства и грант-програмата за имплементирање на нивните развојни програми и спроведување на моделот за продолжен престој во училиште– се појаснува во законското решение доставено до пратениците.
Проектот за унапредување на основното образование беше подготвен во рамки на Стратегијата на Меѓународната банка за обнова и развој за партнерство со нашата држава за периодот 2019-2023. Проектот успешно се имплементира од страна на Министерството за образование и наука од април 2021 година кога е склучен и Договор за заем. Крајниот рок за имплементација на проектот е 27 февруари 2026 година. Од вкупниот износ на заемот кој изнесува 21.500.000 евра, процентот на повлечени средства заклучно со 31 мај 2025 година изнесува 89,80 отсто. Во имплементацијата на проектот се вклучени и Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат, општините и основните училишта.
П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“
КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување





