МАКЕДОНИЈА НА ВРВОТ ПО БРОЈ НА ПОЧИНАТИ ВО РЕГИОНОТ: За неполна недела 28 смртни случаи, анализата за високата стапка на смртност се чека
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2020
Здравствените власти досега требаше да излезат со анализата
за големиот број починати лица од корона вирусот во Македонија. На последната
прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче најави дека болниците каде се лекуваат пациентите болни од корона вирусот, ги прибираат
сите податоци кои се однесуваат на смртните случаи од ковид, по што ќе треба да соопштат кои се
главните причини за високата стапка на смртност. Анализата за смртноста која
требаше веќе да биде објавена, треба
да содржи детални податоци за возраста, за коморбидитетите на починатите
пациенти, за тоа кога се јавиле во болница, односно дали побарале помош кога е
предоцна...
Во Македонија ќе остане запаметен 2 јули, кога беше регистриран највисокиот број на починати, односно имавме 15 смртни случаи од Ковид-19.
Според анализите на Светската здравствена организација, земјава е на врвот во регионот по бројот на смртни случаи од Ковид 19, односно има 354 смртни случаи на 1 милион жители. Зад нас се Косово (помалку од 300 случаи), Албанија 133, Србија 86, БиХ 257, Хрватска 67, Словенија 72, Бугарија 116, Грција 37 смртни случаи на 1 милион жители, покажува статистиката на Ворлдметар – коронавирус.
Инаку, до вчера, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18602, на починати е 753, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2585.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.