16 Декември, 2025
0.0447

Македонија освои победа со стил и второ место во групата!

Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2015 20:33

Добивај вести на Viber

По мечеви во баражот за мундијал и на самото европско првенство, Македонија и Австрија се сретнаа и на мундијалски меч во полупразниот амбиент на салата „Али Бин Хамад Ал Атијах арената“ во Доха.

Ацо Јоноски стисна заби и се најде во стартниот тим во одбраната. Миркуловски со спекталуларен лоб по 40 секунди го отвори резултатот. Но при доскокот се повреди и мораше да му се укаже помош. Борко брзо собра 3 одбрани, а Прибак и Кирил Лазаров му посакаа добредојде на Томас Бауер на голот (3:1).

По серијата добри одбрани на голманите, Роберт Вебер со два гола од транзиција израмни на 3:3. Миркуловски се врати во игра во 8 минута, а Лазаров со втора „бомба„ израмни на 4:4. Полека но сигурно сите наши линии во тимот го подигаа нивото и Стоилов и Миркуловски погодија преку полуконтри за 6:4. Најважно беше што одбраната делуваше стабилно, а Борко Ристовски дојде до 5 одбрани. Веќе австријците беа во криза, откако Лазаров со третиот гол не одлепи на 8:5. На половина полувреме по исклучувањето на Вагесрајтер, Лазаров го постигна четвртиот гол за 9:7. Реакцијата на момците на Јоханесон дојде по исклучувањето на Јоноски и двата гола на Вебер од седмерец и Сантос од контра (10:9). Во 19 минута брзото крило Роберт Вебер погоди по четврт пат, овој пат од неговото природно место на десно крило и Австрија израмни на 10:10. Возвративме со нови две контри и лесни голови на Манасков и Георгиевски за 12:10 во 20 минута. Јоханесон побара минута одмор, а мечот „мирисаше „ на меч со многу голови.
Миркуловски со инвидуален продор низ австриската одбрани по седми пат ги одржа најчестите +2 за момците на Обрван. Но немавме решение за Вебер, кој погоди по седми пат за 14:13 во 25 минута. На 80 секунди до одморот Александар Херман со удар од дистанца израмни на 15:15. Недановски брзо го врати нашето водство, но Силахи на 6 секунди до одморот израмни на 16:16, во прво полувреме во кое постојано Македонија го диктираше водството. Вториот дел започна со брзи обострани голови на Лазаров за Македонија и Фабиан Пош за Австрија. Петре Ангелов застана на нашиот гол и веднаш ја прокнижи првата одбрана. Виктор Силаџи со својот втор гол по подолго време ја врати Австрија во водство (18:19). Во 35 минута Витаутас Зиура отиде со тупаница во лицето на Миркуловски и данските судии Хансен и Гједнг му покажаа црвен картон.
Брзо одговоривме на играта со човек повеќе и Мојсоски и Георгиевски пак ни донесоа водство (20:19). Лазаров погоди од казнен удар за неговиот седми гол, а Прибак со мала доза на среќа зголемува на 22:20. Манасков изнуди седмерец и исклучување на Вебер, а Лазаров по 17 минути ни врати нешто побезбедни +3. Нашата игра доби вистинска димензија и Стоилов со нов го, и исклучување за Роланд Шлингер не оддалечи на 24:20. Ангелов за само 12 минути собра 5 одбрани, а мечот доби на енергичност и грубост, бидејќи во интервал од 6 минути, данските судии покажаа пет исклучувања. Дејан Манасков со нов ефектен гол од крило во 43 минута го потврдува нашето најголемо водство (25:21). Ангелов одбрани уште две топки, Вугринец реализираше од крилна позиција и при 27:22, Јоханесон побара тајм-аут во 46 минута. И Мојсоски влезе во ритам и во 48 минута, Македонија имаше највисоки 28:22.
И со човек помалку тандемот Ангелов - Манасков проработе и Македонија во последните 10 минути имаше 30:24. Со агресивна одбрана австријците се обидоа да го фатат последниот воз и со два гола на Божовиќ и Ашербауер намалија на 32:28 во 55 минута. Со многу искуство нашите ракометари го приведоа мечот кон крај за финални 36:31. Во нашата селекција Кирил Лазаров со 9 гола беше најефикасен, Миркуловски додаде уште 6, а крилата Манасков и Георгиевски имаа по 4 гола. Ангелов со 9 одбрани имаше голем придонес во четвртата наша победа во групата. Кај Австрија Вебер со 8 и Силаги со 5 гола беа најпозитивни. Македонија со 4 победи и 1 пораз на второто место ја заврши Б групата и ја заокружи одличната недела во Доха. Македонската репрезентација досега трипати играше во „Али Бин Хамад Ал Атијах“ арената и трипати победи, против Иран, против БиХ и вечерва со Австрија. Според пропозициите во осминафиналето се игра по принципот А1-Б4, А2-Б3… Другите двојки се Шпанија – Тунис, Хрватска – Бразил и Австрија – Катар.
РАСПОРЕД НА ОСМИНАФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ (ГРУПИ А И Б)
Лусаил (16:30) Австрија – Катар
Лусаил (19:00): Шпанија – Тунис
Ал Сад (16:30): Словенија – Македонија
Ал Сад (19:00): Хрватска – Бразил

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави