15 Јануари, 2025
0.0319

Македонија под вода, се прават први проценки за штетите

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Куманово, Штип, Радовиш, Струмица и жителите на поголем дел од Источна Македонија денеска се соочија со невидени поплави досега. Поради поројните дождови илјадници домови беа полавени, улиците пливаа под вода, а преполнетите реки и акумулации се излија од коритата. Струмица Целата струмичка котлина е под вода. Најзагрозени се селата Муртино, Сачево, Просениково, Дабиле, каде освен домовите поплавени се и пластениците со раноградинарски култури. Жителите се во паника,а движењето низ повеќе села е можно единствено со чамци. Надојдените води носат се пред себе, а за жителите од загрозените села општината организира сместување во хотелите. „Се формирани пет комисии за проценка на штетите кои на терен ќе излезат кога ке се повлече водата, бидејќи сега не може да се работи, најголемата работа во моментов ја врши населението, буквално сите се излезени од најмало до најстаро и прават барикади штитејќи ги своите материјални добра“, информираше градоначалникот на Струмица Зоран Заев. Радовиш Исклучително неповолните временски услови, поплавија повеќе села во овој реон. Најзагрозени се населените места на Злеово, Покрајчево, Јаргулица и Ораовица. Штетите се огромни. Штип Во делови од Штипско може да се помине само со чамец. Поради поплава во бунарите од водоводниот систем се поплавени пумпите се исклучени, а градот ќе остане без вода за пиење во следните 24 часа. Прекината ќе биде и наставата за учениците од пет основни и четири средни училишта во градот. Дел од најзагрозените жители се евакуирани, а седумнаесет ромски семејства кои беа сместени во зградата „Стара Кланица“ во близина на Брегалница сега се сместени во просториите на поранешното Одделение за неврологија. Црвениот крст донира ќебиња и храна. Пробиштип Сериозна е состојбата со Пишичка брана која е веќе оштетена е крајно  сериозна, а водата се слева во Брегалница и во Злетовска Река. Поради страв од урнување, евакуирани се стотина жители од селото Пишица. Во браната  има околу 800.000 метри кубни вода. „Испусниот вентил е отворен, браната во наредните седум дена ќе се празни по што ќе следува и нејзина санација“, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој додаде и дека стручни екипи, треба да утврдат колку ќе чини целосна реконструкција или изградба на Пишичка брана. Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски информираше дека три села се отсечени бидејќи се урнале мостовите кои ги поврзуваат Пробиштип и Злетово. Куманово Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски побара помош од Владата за справување со поплавите.Според првите проценки на Штабот за заштита и спасување поплавите направиле штети од четири до пет милиони евра. „Околу 300 граѓани, особено од социјално ранливи категории претрпеа штети на домовите, така што за нив ќе мора да обезбедиме сместување. Побаравме помош од Министерството за одбрана за овие граѓани претежно од ромската етничка заедница да ги сместиме во еден од објектите на порашената касарана "Х.Т Карпош", рече Дамјановски. Огромни штети има во населените места Долно Коњаре, Речица, Средорек, Пчиња, Довезнце, Клечовце и други места. Според информациите од Министертво за внатрешни работи имало заробени лица во своите куќи во две населени места Довезенце и Шупли Камен, а едно лице од овој регион го загуби животот во надојдените води. Први проценки на штетите Сумирајќи ги впечатоците од денешната обиколка на теренот, вице-премиерот во Владимир Пешевски истакна дека поплавите предизвикале големи материјални штети и најави помош од Владата за надминување на последиците. „Денеска одлучивме Министерството за екологија да направи проценка за состојбите на браните и истата за два до три дена да ја достават до Владата. Од овде апелирам до општинските комисии за проценка на штетите да излезат на терен и извршат проценка, кога ќе се создадат услови за тоа, бидејќи Владата има соодветна програма за обесштетување“, рече Пешевски. Врз основа на она што го согледал, додаде, недостасуват материјали, пред се песок, за да се направат насипи и вети помош во гориво. „Ќе предложам да се дадат нови количини гориво за механизацијата, која е вклучена во расчистување на состојбата. Нашата основна цел во моментот е да се обезбедат населените места и домовите и животите на населението, а потоа обработливите површини. Во рамките на програмите на општините ќе се обидам градоначалниците да изградат канали за одводнување. Во тој дел Владат секоја година финансира расчистување на 80 до 100 километри одводни канали што донекаде ја ублажи ситуацијата со поплавите. Но, сепак локалната власт мора овој проблем да го свати сериозно и посвети поголемо внимание“, изјави вице премиерот.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања