Македонија се расфрла со енергија како да е 4 пати побогата од Швајцарија?!
Објавено во: Економија 15 Мај, 2013 08:18
“Со вложување од 400 милиони евра се заштедуваат околу 80 милиони евра годишно, а се штеди најмалку 4.000 килотони емисија на јаглерод диоксид. Приватниот сектор вложува во енергетска ефикасност, бидејќи тоа се најдобро вложените средства. Енергетската ефикасност е победничка варијанта, тоа е ресурс на Македонија. Да се вложи еден денар во енергетска ефикасност, односно во штедење на енергијата е исто како да сте вложиле два или три денари во производство на енергија“, велат од Македонскиот центар за енергетска ефикасност (МАЦЕФ).Заштедата на енергија треба да се гледа во насока на растоварување на РЕК Битола. Со тоа Македонија ќе увезува помалку струја и помалку ќе ја загадува животната средина. Според државната осумгодишна Стратегија за енергетска ефикасност, со влог од 400 милиони евра до 2020 година земјава треба да стане енергетски поефикасна. Рационалното користење на енергијата и заштедата на овој се поскап ресурс не е само потреба, туку и обврска, објаснуваат познавачите. К.П
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




