20 Септември, 2024
0.0278

МАКЕДОНИЈА СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА НАТО БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЗРЕЛИ ПОЛИТИКИ И МУДРИ ЛИДЕРСКИ ОДЛУКИ: Еве што се зборуваше на средбата меѓу Ковачевски и О’Брајан

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска одржа тет-а-тет средба со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан.

По тет-а-тет средбата, како што соопштија од владината прес-служба, се одржала и билатерална средба, на која присуствувале и Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Славјанка Петровска, министерка за одбрана и Викторија Аврамовска - Мадиќ, заменичка-министерка за правда.

На состанокот била поздравена конструктивната улога на Република Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ, како и придонесот на земјава во мирот во регионален и глобален контекст.

- Премиерот Ковачевски и помошникот државен секретар на САД, О’Брајан го потврдија големото пријателство помеѓу Северна Македонија и САД, коешто е базирано на меѓусебна доверба. Се истакна и важноста на стратешкото партнерство на САД во натамошниот напредок на нашата држава. Се разговараше и за актуелни прашања во нашата држава, како и од значење за поширокиот регион, се наведува во соопштението.

На средбата било потенцирано дека политичката стабилност има клучно значење во реформските процеси од значење за граѓаните и за развојот.

Се констатирало дека Северна Македонија со зрелите политики и мудрите лидерски одлуки, како што стои во владиното соопштение, стана членка на НАТО и сега е пред пресвртен момент да обезбеди европски квалитет на живот каков што заслужуваат македонските граѓани, функционална имплементација на владеењето на правото и унапредување на правната институционална рамка во рамките на процесот на преговори со ЕУ.

- Заедничкиот заклучок од средбата беше дека е неопходно сите политички лидери и субјекти во државата да ја имаат предвид важноста Северна Македонија да продолжи со следниот чекор на патот кон ЕУ, што ќе ги осигура европските перспективи на државата. Тоа е чекор што се очекува од Северна Македонија како придонес во демократскиот прогрес и перспективите на целиот Западен Балкан и во прилог на стабилноста и безбедноста на европскиот континент, соопштија од Владата на РСМ. 

ФОТО:Влада

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски од Брисел порача дека процесот на интегрирање во ЕУ треба да се темели на постигнувања, а не на билатерални прашања

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски од Брисел порача дека процесот на интегрирање во ЕУ треба да се темели на постигнувања, а не на билатерални прашања

КОВАЧЕВ: Aктуелното раководство на Република Северна Македонија не сака да продолжи по патот на европската интеграција, бараат изговор

КОВАЧЕВ: Aктуелното раководство на Република Северна Македонија не сака да продолжи по патот на европската интеграција, бараат изговор

ИСЧЕЗНА ЖЕНА ОД ШТИП: Сопругот пријавил во полиција

ИСЧЕЗНА ЖЕНА ОД ШТИП: Сопругот пријавил во полиција

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ШАРЛ МИШЕЛ: Европа да, врз основа на реални критериуми

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ШАРЛ МИШЕЛ: Европа да, врз основа на реални критериуми

БУГАРСКИ ПРАТЕНИК СЕ ЗАКАНУВА: Северна Македонија нема да мириса на ЕУ

БУГАРСКИ ПРАТЕНИК СЕ ЗАКАНУВА: Северна Македонија нема да мириса на ЕУ

МИЦКОСКИ ВО БРИСЕЛ: Регионот и државата се уморни од пречки кои се билатерални

МИЦКОСКИ ВО БРИСЕЛ: Регионот и државата се уморни од пречки кои се билатерални

„Еден процент имаат невролошки манифестации“: директорот на Инфективна смирува - 80 отсто од пациентите со Западно-нилска треска се асимптоматски

„Еден процент имаат невролошки манифестации“: директорот на Инфективна смирува - 80 отсто од пациентите со Западно-нилска треска се асимптоматски

Николоски со остра реакција: Борисов фатен со прачки злато, бугарските политичари не ја сакаат Македонија во ЕУ

Николоски со остра реакција: Борисов фатен со прачки злато, бугарските политичари не ја сакаат Македонија во ЕУ

НИКОЛОСКИ ГО НАЛУТИ БОРИСОВ: „Очигледно не треба да се остваруваат пријателски средби со овие луѓе, дури и за опера“

НИКОЛОСКИ ГО НАЛУТИ БОРИСОВ: „Очигледно не треба да се остваруваат пријателски средби со овие луѓе, дури и за опера“